Гигантска скулптура на мртов папагал денеска е обесена наопаку во паркот Potters Fields во Лондон, во чест на повторното обединување на дружината Monty Python. Скулптурата ќе биде пренесена во O2 арената, од каде во недела во живо ќе биде пренесувано шоуто.
Скечот со мртвиот папагал во национална анкета во Британија беше изгласан за најпопуларен од целиот опус на прочуените комичари. Скулптурата е висока околу 17 метри и е дело на екипа предводена од главниот скулптор Iain Prendergast, кој вели дека со задоволство ја прифатил работата, која е дел од маркетингот на ТВ каналот Gold:
„Сите сме фанови на Monty Python и сме среќни што добивме можност да го создадеме легендарниот „Норвешки син папагал“ во големи димензии“, вели Prendergast.