Диџеј сет на „Шемко“ и „Балтик“ вечерва на „Cult+Alt+Repeat“

Во рамки на културното лето „Cult+Alt+Repeat“, „Шемко“ и „Балтик“ ќе имаат свој диџеј сет вечерва со почеток во 20 часот во дворот на Младинскиот образовен форум (МОФ) и Радио МОФ.

„Со утрешниот културен настан го одбележуваме и Меѓународниот ден на младите. Овој пат се журкаме со сетот на Шемко и Балтик кои ќе се погрижат за добрата атмосфера, а за одличната дружба ќе се погрижиме ние заедно со сите вас. Ве очекуваме и утре на познатата локација на Мофовско културно лето“, стои во најавата за настанот.

Второто издание на „Cult+Alt+Repeat“ трае до 31 август.