Забележаниот раст на депресијата и анксиозноста во богати држави како САД, може да биде резултат на тоа што нашите мозоци се зависни со трансмитерот кој го сигнализира задоволството, објаснува колумната на психијатрот и професорка на „Стендфорд“ Универзитетот, докторката Aна Лембке. Колумната е објавена во „Wall street journal“, а ние ја пренесуваме во целост.
Мој пациент, паметно и внимателно младо момче од 20 години, дојде во мојата канцеларија поради исцрпувачка анксиозност и депресија. Тој се имаше откажано од факултетот и живееше со своите родители. Многу површно, тој го планираше своето самоубиство. Истовремено, момчето играше видеоигри скоро цело време.
Пред дваесет години, на овој пациент ќе му препишев антидепресиви. Денес, предложив нешто сосем различно – допаминска диета. Предложив тој да се оттргне од сите екрани и видеоигри во текот на еден месец.
За време на мојата професија како психијатар, забележувам сè повеќе пациенти кои страдаат од депресија и анксиозност, пациенти кои инаку се здрави млади лица од разбирливи семејства со добра финансиска состојба. Нивниот проблем не е траумата, социјалната дислокација или сиромаштијата. Нивниот проблем е големото лачење на допамин, супстанца која се произведува во мозокот, а служи како невротрансмитер на чувствата на задоволство и награда.
Задоволството и болката се процесираат во исти делови од мозокот, па мозокот се труди да ги балансира.
Кога правиме нешто во кое уживаме, како што прави мојот пациент кога игра видеоигри, неговиот мозок испушта количини на допамин и тој се чувствува убаво. Но, едно од најважните откритија во невронауката во последните 75 години е дека задоволството и болката се процесираат во исти делови во мозокот, па мозокот вложува многу напор да ги балансира. Секогаш кога едното го надвладува другото, односно допаминот надвладува над болката и обратно, мозокот се обидува да ја врати балансираноста. Балансот, односно однесувањето на мозокот кога тој се свртува кон болка при премногу задоволство, научниците го нарекуваат хомеостаза.
Кога допаминот се лачи, мозокот се адаптира така што го намалува бројот на симулираните допамински рецептори. Ова прави мозокот да почне да процесира и болка, па затоа задоволството обично е проследено со чувство на мамурлак или смирување. Ако почекаме доволно долго, ова чувство исто така поминува, па одново се чувствуваме неутрално. Но постои природна тенденција да се спротивставуваме на неутралноста така што се враќаме на изворот на задоволство, по втора доза.
Ако овој шаблон на однесување го практикуваме со часови, денови, недели или месеци, се менува точката за задоволство во мозокот. Сега е потребно да продолжиме да играме видеоигри, не за да се чувствуваме среќно, туку за да се чувствуваме нормално. Во моментот кога ќе прекинеме, ги чувствуваме универзалните симптоми кога лечиме некаква зависност – лесно се иритираме, страдаме од анксиозност, несоница, дисфорија и имаме ментална преокупација со употребата, инаку позната и како желбa за уште една доза.
Нашите мозоци еволуирале со овој начин на фунционирање во текот на милиони години, кога задоволствата биле свети, а опасностите присутни насекаде. Проблемот денес е тоа што веќе не живееме во тој свет. Наместо таму, сега живееме во свет со огромно изобилие. Квантитетот, различноста и потенцијата на јаките лекови и однесувања никогаш не биле поголеми. Во додаток со високо зависните супстанци како шеќерот и дрогите, сега постои и сосема нова класа на дигитални зависности кои не постоеа пред 20 години – интернет пораките, твитањето, сурфањето на интернет, онлајн купувањето и онлајн коцкањето. Овие дигитални производи се направени за да бидат зависни – тие користат светла, звуци и лајкови, па цело време се чини дека сме на еден клик до „наградата“.
Но и покрај зголемениот пристап до овие „дроги“ за убаво чувство, ние се чувствуваме понесреќно од кога било. Растот на депресијата, анксиозноста, физичката болка и самоубиството се забележува ширум целиот свет, особено во богатите нации. Според Извештајот за чувството на среќа во светот, кој рангира 156 држави според тоа колку се среќни нивните жители, Американците биле помалку среќни во 2018 за разлика од 2008 година. Останати богати држави што забележале слични намалувања во ранкот за среќа помеѓу своите жители се Белгија, Канада, Данска, Франција, Јапонија, Нов Зеланд и Италија. Студијата за глобални болести открива дека бројот на нови случаи на депресија ширум светот се зголемил за 50 отсто помеѓу 1990 и 2017 година, со најголем пораст во регионите со најголем приход.
Тешко е да размислуваме причинско-последично кога го „бркаме“ допаминот. Само откако ќе одмориме од нашиот порок по избор, можеме да го видиме вистинското влијание од неговото користење во нашите животи.
Поради ова, побарав од мојот млад пациент да престане да игра видеоигри еден месец, период што ќе дозволи неговиот мозок да го врати својот допамински баланс. Не беше лесно, но тој беше мотивиран од идејата дека доколку краткото откажување од видеоигрите прави тој да се чувствува убаво кратко време, подолгата допаминска диета може да направи тој да се чувствува убаво на долгорочен период.
На негово изненадување, тој се чувствуваше подобро од кога било, беше помалку анксиозен и помалку депресивен. Тој успеа да се врати на играњето видеоигри без негативни ефекти бидејќи го ограничи времето за играње на два дена неделно, по еден час во денот. На тој начин, тој остави време допаминскиот баланс да се регулира помеѓу сесиите.
Пациентот избегнува видеоигри кои не може да престане да ги игра штом почне. Тој користи засебни лаптопи за играње и за учење, за да го оддели играњето од учењето. Финално, тој се обврза да игра видеоигри само со пријатели, а не со непознати, со цел играњето да ги зацврсти неговите социјални врски. Човечките поврзувања сами по себе се силни и адаптивни извори на допамин.
Не сите играат видеоигри, но сите имаме порок по избор, кој најверојатно вклучува користење на паметни телефони – еквивалентот на хиподермичката игла во онлајн ерата. Намалување на времето за користење на телефони е исклучително тешко, бидејќи ја нарушува балансираноста на мозокот што прави да чувствуваме немир и нерасположеност. Но ако го ограничиме користењето на телефоните и екраните на подолг рок, ефектите од поздрава допаминска баланираност се повеќе од вредни. Нашите мозоци се помалку оптоварени со желба за употреба, ние сме поприсутни во моментот, а неочекуваните награди од животот повторно не прават среќни.
Докторката Лембке е психијатар и професор на „Стенфорд“ Универзитетот. Ова е адаптиран есеј од нејзината книга „Допаминска Нација: Пронаоѓање баланс во време на уживање“.