Организациите за човекови права отпочнале дигитален протест против контроверзните закони во Полска кои се однесуваат на абортусот и сексуалното образование, пренесува „Еуроњуз“.
Полските пратеници денеска ќе го разгледуваат законот, за кој „про-избор“ групите сметаат дека ефективно ќе го забранат абортусот.
Со вториот предлог-закон се криминализира промовирањето и предавањето сексуално образование на помладите од 18 години. Но, пандемијата на коронавирусот ги направи уличните протести невозможни, откако Полска забранила групни собири, како дел од вонредната состојба.
Организациите за човекови права велат дека забраната за абортус и рестриктивните закони за сексуално образование „не смеат да се воспоставуваат и прикриваат под пандемијата со вирусот“.
Активстите започнале со „виртуелни демонстрации“ користејќи го хаштагот #ПротестирамОдДома (#ProtestAtHome).
1/ #Poland's MPs prepare to debate 2 harmful laws: one to restrict abortion, the other to ban #sexed. In times of #COVID19 We may not be able to be in the streets but we still protest! Show solidarity! #protestatathome #nieskladamyparasolek #StrajkKobiet pic.twitter.com/vBpX5ppueC
— monica costa (@mcostariba) April 14, 2020
Илјадници активисти објавуваат селфиња, а некои од нив дури и стојат пред Полскиот парламент за да покажат дека нивната порака е насочена кон пратениците.
„Обидот избрзано да се донесат овие регресивни закони во било кое време би било срамно, но да се избрзаат под прекривот на кризата со коронавирусот е несовесно“, изјавила Драгиња Надаждин од „Амнести интернешнл“.
„Овие закони ќе поттикнат страв и незнаење, и дополнително ќе го ограничат пристапот до абортус кај жените во земја каде законот за абортус е веќе еден од најрестриктивните во Европа. Тие нема да го загрозат само здравјето и животот на жените и девојчињата, туку и ќе го попречат пристапот на младите луѓе до информациите кои им се потребни за здрави сексуални односи“, додала таа.
Организациите кои работат на сексуално образование, но и професорите, теренските и здравствените работници, стравуваат дека со новите закони ќе завршат во затвор.
Активистите од „Амнести интернешнл“ од Холандија, Швајцарија и Словенија, но и полските пратеници, исто така го споделувале хаштагот, спротивставувајќи се на законите.
Prawa kobiet to prawa człowieka. W najbliższych dniach po raz kolejny będziemy musieli ich bronić przed szaleństwem projektu Kai Godek. Wspólnie zatrzymajmy to szaleństwo!#FalaSprzeciwu #CzarnyProtest pic.twitter.com/89zMIAmK1J
— Małgorzata Tracz (@GoTracz) April 13, 2020
Голем број европратеници испратиле писмо до Полска во кое ја изразуваат својата длабока загриженост за законите, повикувајќи ги полските пратеници да ги отфрлат иницијативите.
„Убедени сме дека мерките кои ја намалуваат заштитата на човековите права на жените и нивното самоопределување претставуваат сериозна опасност затоа што ги поткопуваат основните вредности на Европската унија кон застапувањето за родова еднаквост“, стоело во писмото.
https://twitter.com/TerryReintke/status/1250041679488442368
И двата предлог-закона биле претставени како барања на „граѓански иницијативи“, за потоа да бидат поддржани од политичари на владејачката конзервативна партија „Право и правда“.
Полска веќе го има еден од најстрогите закони во Европа за абортус, според кој, во теорија, прекин на бременоста е дозволен само во случаи на силување, инцест, или кога е загрозено здравјето на бебето или мајката.
Обидот за забрана на абортусот во 2016 година бил неуспешен откако десетици илјади жени излегле на протести.