Диносаурусите од Ченто на скулпторот Андреј Миневски се селат привремено во скопската зоолошка градина.
Првиот од динисаурусите беше пренесен денес од службата на ЈП Водовод и канализација.
Миневски со своите уметнички дела се приклучува во кампањата „Креирај и донирај” на зоолошката градина. Неговите скулптури изработени од рециклиран железен отпад ќе бидат изложени до јуни.
Скулптурите се дел од неговата првична изложба насловена „Од граѓаните за градот“, која беше дел од програмата на Град Скопје – „Од центарот кон периферијата: културата како алатка за социјален развој“.
Во продолжение, погледнете го видеото на Радио МОФ за Диносаурусите од Ченто.