Во петок (30 септември) 19:19 часот во Културно-информативниот центар – Скопје ќе се одржи промоција на новата мултијазична збирка поезија „За една кратка урбана љубов што стравуваше да се нарече себеси така“ од Елена Пенџова, а на настанот ќе се одржи и дискусија за препевот како посебна вештина во преводниот занает.
Елена Пренџова е поетеса, слемерка и препејувачка од Скопје. Таа е магистерка по Филолошки науки и дипломирана професорка по Англиски јазик и книжевност. Менторира работилници за слем и креативно пишување. Авторка е на десетина поетски книги. Пренџова е националната претставничка на Европското слем-првенство од 2016 година. Организира и соорганизира слем-настани и слем-натпревари од 2013 година, вклучително и националниот слем-натпревар. Во 2021 година ѝ беше доделена едномесечна писателска резиденција во Белград, Србија од Регионалната мрежа за културна разновидност – РЕАД, а во 2015 година во Тирана, Албанија од „Поетека Албанија“, Министерството за култура во Албанија и Традуки мрежата. Во 2019 година беше стипендистка на програмата за перформативни уметности i-Portunus и „Креативна Европа“ остварувајќи резиденцијален престој во Тарту, Естонија и Марибор, Словенија каде менторираше работилници за слем-поезија и настапуваше на слем-настани.
„За една кратка урбана љубов што стравуваше да се нарече себеси така“ е осма по ред авторска збирка поезија на Пренџова која претставува циклус од десетина модерни, лирични песни, во книгата објавени на македонски, албански, српски, словенечки, италијански и англиски јазик. Препевите се на: Катарина Фиаменго, Искра Пенева и Немања Стојковиќ – Блеки од Србија (на српски јазик); Даим Мифтари од Македонија (на албански); Намита Субиото од Словенија (на словенечки); Лучила Трапацо од Италија/Швајцарија (на италијански) и во препев на англиски од страна на самата авторка, а во јазична коректура нa Мет Мјури од САД. Илустрациите/цртежите во книгата се на Ирена Јурчева, а графичкиотдизајн на корицата и книгата е на Александра Новеска.
Дискусијата за препевот како посебна вештина во преводниот занает ќе ги покрене темите за чинот на препевот меѓу сродните и несродните јазици, за преводната наука воопшто, за препевите од другите јазици на англиски направени од немајчини говороител(к)и, за улогата на поетот/поетесата како преведувач(к)и, за начинот на кој поетите/поетесите работат лектура на туѓа поезија, но и за пресудните фактори при изборот на песните за препев.
На настанот ќе учествуваат Елена Пренџова, модераторка и интерпретаторка на поезијата, Виолета Танчева, лекторка и промоторка, Даим Мифтари, препев и учесник на дискусија, Ирена Јурчева илустраторка и учесник на дискусија, Катарина Фиаменго, Искра Пенева, Немања Стојковиќ – Блеки од Србија – преведувач на српски, Намита Субиото од Словенија – превод на слвоенечки, Лучила Трапацо од Италија/Швајцарија – препев на италијански, Мет Мјури од САД – препев на англиски.
Повеќе информации на следниов ЛИНК.