Центарот за истражување и креирање политики и Полскиот институт за меѓународни прашања огранизираа јавна расправа за важноста за соработка помеѓу владините институции и граѓанскиот сектор во време кога земјата цели кон полноправно членство во ЕУ. Расправата се фокусираше на препораките на македонскиот истражувачки тим поместени во публикацијата „Граѓанското општество за ЕУ интеграциите на Западниот Балкан“ во која се обработуваат теми како што се акциони планови и нивно следење, човековите права, имиграција, независност на судството , корупцијата и граѓанско образование.
Гоце Котевски од Македонското здружение на млади правници повика на поголема транспарентност и соработка на Судскиот совет со граѓанското општество и медиумите, додека државните службеници присутни на дискусијата, недостиготот од стручно знаење помеѓу невладините организации во процесот на креирање политики го посочија како главната пречка за соработка. За време на средбата се разви дискусијата за појавата на расното профилирање на ромските семејства при напуштање на земјава и дали ова преставува дискриминаторската политика од страна на македонската влада или е дел од инструкциите кои доаѓаат од ЕУ.
Говорејќи за спречување на корупцијата, Ќендреса Сулејмани од Центарот за истражување и креирање политики стави акцент на улогата на секоја од институција за санкционирање на коруптивно однесување. Таа се осврна и на тема поврзана со граѓанско образование, каде повика на поблиска ангажираност со студентски здруженија како партнери во спроведувањето на проекттите, а не само како пасивни приматели на нивните активности. Прашањето околу содржината на учебниците за граѓанско образование беше исто така посочено како пример за неефикасноста на наставната програма кон подобрување на граѓанска одговорност и активизам во земјата.
Богатата дискусија беше ја заклучи Томаш Зоранчук – главниот уредник на публикацијата, кој констатираше дека има политичка волја за соработка и подготвени граѓански организации, но треба да се утврди начинот на кој оваа соработка ќе биде спроведена.