Денеска (13 декември) од 13 часот во Кафе Котур во Скопје, Центарот за истражување на национализмот и културата (ЦИНИК) ќе се одржи дискусија и промоција на книга на настанот насловен „Посткатастрофични градови во компаративна перспектива“.
Настанот ќе биде хибриден со физичко присуство и со можност за приклучување преку платформата „Зум“. На настанот ќе биде промовирана и книгата „Скопскиот земјотрес од 1963 година и постземјотресната обнова: Лични сведоштва“ која е резултат на проектот „Скопскиот земјотрес од 1963 година. Сеќавања, идентитети, акции“ подржан од Министерство за култура на Република Северна Македонијa, АЛДА и програмата Нормандија за мирот, финансиски подржана од Регионот Нормандија. По промоцијата ќе следи дискусија за посткатастрофични градови во компаративна перспектива.
Во дискусијате ќе учествуваат:
– Стефани Дупон (Pôle “Inventaire général du patrimoine culturel”, Région Normandie),
– Груја Бадеску (Универзитетот во Констанц),
– Наум Трајановски (Полска академија на науки)
Дискусијата ќе ја модерира Петар Тодоров (Институт за национална историја, Скопје и ЦИНИК)
„Со дискусијата „Посткатастрофичните градови од компаративна перспектива“ имаме за цел да понудиме неколку интерпретации на посткатастрофични градови во и вон Европа. Учесниците ќе ги претстават своите истражувања на повеќе посткатастрофични градови и нивните обнови“, најавуваат организаторите.
Публиката ќе може да подигне бесплатна копија од книгата.
Настанот ќе може да се следи онлајн на следниов ЛИНК.