Во рамките на „Недела на работничките“, посветена на жените од работничката класа, само-организираниот колектив на Социјалниот центар „Дуња“ ги повикува граѓаните на отворена дискусија која ќе се одржи на 9-ти март.
Настанот е насловен „Сегашни и идни борби – од и за жените работнички“, а како говорнички се најавени активистката од Гласен Текстилец, Кристина Ампева, Марија Џонс од Левица и аналитичарката и активистката Билјана Петровска-Митревска.
„На дискусијата ќе имаме можност да се запознаеме со различни формати на организирање и улогата на жената во нив (работничка организација, синдикат, работничка партија итн.), при што неколку жени ќе ги претстават своите досегашни искуства со организирање, предизвици и стратегии“, велат организаторите.
Настанот во „Дуња“ е со почеток од 18 часот.