Дизајнерите Николас Демиенс и Џулиен Сенс ги претвораат ракописите на познати музичари во фонтови за пишување.
Досега ги конвертирале ракописите на Дејвид Боуви, Џон Ленон, Курт Кобејн и Леонард Коен, и тие може бесплатно да се преземат.
Нивната цел е да ги инспирираат дополнително музичарите кога ќе ги пишуваат своите песни со ракописот на нивните идоли.