По повод изложбата „Гласање и гласови“ – постери од швајцарските кампањи од 1918 до денес на Museum für Gestaltung Zürich, поставена во Музејот на современа уметност во Скопје, денес на терасата на МСУ со почеток во 19.30 ќе се одржи дебата на тема „Дизајнот како глас на директната демократија“.
На дебатата со Ана Јовковска ќе разговараат Џабир Дерала (Цивил), Александар Јовановски (Хелсиншки комитет), Ладислав Цветковски (Факултет за ликовни уметности) и Лазе Трипков (ПЛАКАРТ), на теми поврзани со дизајнот и директната демократија: што подразбира концептот на директна демократија, како гласачите одлучуваат за светот во кој сакаат да жиевеат, може ли дизајнот да биде алатка на директната демократија, како со уметнички активизам до подобро утре итн.
По разговорот, ќе следува DJ-set со Ивана Драгшиќ.
Изложбата “Гласање и гласови”, на Museum für Gestaltung Zürich, водечки швајцарски музеј за дизајн и визуелна комуникација, во организација на Амбасадата на Швајцарија и во соработка со Музејот на современа уметност во Скопје, ќе биде поставена од 27 јуни до 12 август 2019.