Тематскиот парк Дизниленд во Калифорнија неделава ќе се претвори во центар за вакцинација за Ковид-19, објавија окружните власти.
„Најсреќното место на земјата“ е едно од неколкуте големи пунктови за вакцинација што се отвораат во државата откако бројките продолжуваат да се зголемуваат, а болниците го достигнуваат капацитетот.
Најнаселената американска држава заостанува во стапката на вакцинирање, обезбедувајќи околу третина од дозите досега.
Калифорнија до понеделниот имаше речиси 40 000 нови случаи и 264 смртни случаи. Таа е рангирана на 42-то место од 50 држави според стапката на вакцинација на 100 000 жители, според податоците на Центарот за контрола на болести.
Дизниленд, лоциран во округот Оринџ, ќе стане првото поголемо место за дистрибуција на вакцината во регионот, со капацитет да се вакцинираат илјадници луѓе дневно.
Паркот е затворен за посетители од средината на март – за разлика од неговото сестринско одморалиште, „Светот на Волт Дизни“ во Флорида, кој е отворен за намален број на посетители од јули.
Приоритет на тековната кампања за вакцинација на државата се здравствените работници.
Според податоците на Универзитетот Џонс Хопкинс, САД досега забележале 22,6 милиони случаи на Ковид-19 и повеќе од 376 000 смртни случаи.
Извор: BBC