Единствениот македонски фестивал за Drum and bass-музика, „RUN MK“ годинава по седми пат ќе се одржи на 13 април, во Домот на млади во Штип. Најавени се повеќе звучни имиња од D&B сцената, меѓу кои лондонскиот DJ Bailey, Logical Dream од Црна Гора, MC WACKWACKO и DJ Jelow од Србија, како и „домашните сили“, Nultabyte и The Bassmighty Kreatorz. Повеќе информации можат да се најдат на официјалната веб-страница на фестивалот, како и на Фејсбук.