Во организација на здружението „КУЛТИ ВАТОР“ од Скопје, во периодот од 14 до 22 септември низ четири градови низ Македонија ќе се одржува фестивалот „Добра идеја фестивал 2021“.
„Мисијата и целта на овој фестивал кој се одржува десетина години се едни и единствени- промоција на млади артисти од македонската музичка сцена и нивната квалитетна авторска музика и мултиетничноста на изведувачите како еден од главните ‘џокери’ која го прави овој фестивал вистински богат“, информираат од „КУЛТИ ВАТОР“.
На фестивалот ќе настапат преку 30-ина изведувачи. Сите настани започнуваат од 21 часот, а влезот е бесплатен за сите посетители, со почитување на сите мерки и протоколи за заштита против КОВИД-19.
Настанот е поддржан од Министерството за култура.
Распоред на фестивалот:
14.09.2021 Дом на култура – Кавадарци, Man in a Suit (концерт), Диџеј Пере Мелов
17.09.2021 Дом на култура – Св Николе, Дина Јашари Дуо (концерт), Диџеј Раста Гирл
18.09.2021 Дом на култура – Гостивар, Stoned Hedge Бенд (Концерт), Диџеј ЧАрли
22.09.2021 МКЦ – Скопје, Алембик (концерт), Диџеј Сезер Салихи