Амбасадорот Дејвид Гир денеска ги додели наградите од
Втората награда заеднички ја освоија Миомир Серафиновиќ, Билјана Николовска и Снежана Лупевска Созен за нивната сторија на ТВ Код „Убиства во Кичево – осуден на доживотна казна и прогласен за виновен за убиство што не го сторил“.
Третата награда е за Петар Клинчарски за неговата сторија на ТВ програмата 360◦ „Денационализацијата заглавена во корумпираност и неспособност на институциите“.
Наградата е продолжение на регионалната „Награда од Европската Унија за истражувачко новинарство“ во земјите од Западен Балкан и во Турција и е дел од тековниот проект „Зајакнување на квалитетните вести и независното новинарство во земјите од ЗападенБалкан и во Турција“, администриран од Балканската истражувачка репортерска мрежа (БиХ) во партнерство со седум медиумски организации.