„Мојата чудесна планета”, „Пица на точак”, „Надеж”, се дел од проектите наградени во натпреварот за средношколци „Социјално одговорно претприемништво за иднината“.
Учениците-социјални претприемачи од повеќе скопски средни училишта демонстрираа општествени иновации и трансформации во различни области, образование, здравство, животна средина.
Натпреварот се реализираше со 80 ученици, а го организираше Економското образование на млади менаџери со финансиска поддршка од градот Скопје во рамки на Глобалната недела на претприемништво 2013. Целта беше поттикнување на младите да размислуваат за водење бизнис, за решавање на некој општествен проблем.
Првото место го поделија гимназијата „Никола Карев”, тим „Надеж” и „Раде Јовчевски Корчагин”, тим „Визија” . Второто место им припадна на економското училиште „Васил Антевски Дрен”, тим „Мојата чудесна планета”и „Раде Јовчевски Корчагин”, тим „Пица на точак”. Треторангирани се гимназијата „Јосип Броз Тито” „Арсени Јовков”, тим “Виножито”.