Во СВР Скопје околу 9:30 часот денеска било пријавено дека на електронските адреси на седум средни училишта во Скопје била упатена закана за поставена експлозивна направа.
Исто така, била упатена и закана за поставена експлозивна направа во трговскиот центар „Ист Гејт“, „Бисер“, Транспортниот центар, станбено-деловниот комплекс „Флатирон“, како и полициската станица Центар.
За двата случаи, од МВР велат дека веднаш се преземени мерки за безбедно евакуирање и дека во тек се антитерористички проверки, а се преземаат и мерки за расчистување на случаите.
Пред два дена, исто така беа пријавени лажни дојави за бомби во девет средни училишта во Скопје, но и во Народната банка на Република Северна Македонија. Од 26 октомври годинава па сѐ до денес, ова е по дванаесетти пат да се пријавуваат дојави за бомби, а досега беше утврдено дека сите дојави се лажни.