Здружението Андерфест го најави второто издание на „Дојран Рок Фест“, што оваа година ќе се одржи на 6 август со локација кај базенот на Хотел Романтик во Стар Дојран.
„Продолжуваме и оваа година со нашата мисија, да го збогатиме културниот живот во овој дел од нашата земја и да продолжиме со промоција на млади артисти“, велат од здружението.
На овогодишното издание ќе настапи рок групата „АРЕА“, а предгрупи ќе бидат Јовче Пандев со неговиот бенд и прогресивниот рок бенд „Sound Impulse“.
Воедно, како што најавуваат од Андерфест, годинава „АРЕА“ прославува 30-ти јубилеј од формирањето.
„Билетите се пуштени во претпродажба по цена од 150 денари во Bellissimo Coffee House Гевгелија, Cafe Room 7 во Струмица, Dojran Hotel Romantique Plaza, Romantique Plaza Pool & Bar. На врата билетот ќе чини 200 денари“, информираат од организацијата.
Настанот е поддржан од Министерството за Култура, Општина Дојран, Дојран Стил, Абсолут и Бифитер.