Од минатиот месец, лекарите во Шетланд, Шкотска, наместо лекови, имаат овластување да им ја препишуваат природата на нивните пациенти.
Се смета дека ова е прва програма од ваков вид во Велика Британија, која се обидува да го намали крвниот притисок, анксиозноста и да ја зголеми среќата кај оние со дијабетес, ментална болест, стрес и срцеви заболувања.
Постои листа со предлози за природни рецепти кои ја придружуваат програмата како на пример прошетка во природа, изработка на уметност со природни материјали, приготвување оброк на отворено, набљудување на облаците и контакт со животни.
Доказите за придобивките од природата на менталното и физичкото здравје се бројни. Ако потрошите 90 минути од вашиот ден надвор во шумска површина, ќе има намалување на активноста во делот од мозокот кој обично е поврзан со депресија. Трошењето време во природата не само што го намалува крвниот притисок, анксиозноста и ја зголемува среќата, туку ја намалува агресијата, симптомите на АДХД, ја подобрува контролата на болката и имунолошкиот систем.