Новиот документарен филм „Raving Iran“, ја истражува иранската алтернативна сцена каде што во тешки околности се случува експанзија на техното. Филмот ги следи животите на двајца ирански диџеи, Анош и Араша кои ризикуваат затвор, претепување и смрт за да ги остварат своите соништа.
Во Иран западната музика е службено забранета на сите телевизиски и радио програми уште во 2005 година, кога Махмуд Ахмадинеџад беше избран за претседател. Пуштањето ваква музика во јавност се казнува со каменување, камшикување, а во некои случаи е предвидена и смртна казна.
Во трејлерот за филмот диџеите прераскажуваат колку пати се претепани, речиси до смрт, како и за сите оние работи низ кои морале да поминат за нивната страст кон техно музиката да остане тајна.
Филмот го направи швајцарската режисерка Сузан Реџина Мер. Врвот на филмот е моментот кога двајцата диџеи, уморни од сокривање од полицијата и стагнацијата на нивната кариера, одлучуваат да организираат манична техно журка под мошне опасни околности во пустината.
Погледнете ја најавата за филмот:
RAVING IRAN Trailer (facebook.com/RavingIran; www.ravingiran.com) from Christian Frei on Vimeo.
Извор: Dancingastronaut.com