Документарниот филм на рок групата Дорс „Feast of Friends“ кој сами го продуцираа членовите на бендот во текот на нивната летна турнеја во 1968 година ќе го види светлото на денот на 11 ноември, пишува списанието Ролинг Стоун.
Документарецот, кој никогаш не беше довршен, кога беше прикажан доби негативни оценки на филмските фестивали уште додека фронтменот на групата, Џим Морисон беше жив, но причината зошто беше потребен речиси половина век за домашното видео да се објави се правните проблеми на пејачот во тој период.
Новото издание ќе содржи ремастерирани аудио и видео материјали.
– Тоа е измислен документарец, зборува Морисон во трејлерот за филмот, кој неодамна излезе.
– Не можам многу да кажам за него, затоа што ние всушност, не го ни работиме. Тој на некој начин се први сам.
Режисерот Пол Ферара кој го режираше Морисоновиот филм од 1969 година HWY: An American Pastoral почна да работи на документарецот во април 1968 година, пишува Хина.
Филмот, кој е снимен во петомесечнен период, ги вклучува концертните изведби и коментари после настапи.
Проектот бил финансиран од членовите на бендот, но тој приход е прекинат откако Морисон е уапсен во Мајами поради наводното разголување пред публиката.
Како додаток на главниот филм, DVD и Blu-ray изданијата ќе вклучат бонуси: Feast of Friends: Encore кои користат дополнителни снимки снимени за оригналниот филм, а вклучува снимки каде членовите на бендот играт покер и снимањето на песната Wild Child во судио.
Изданието исто така ќе го вклучи The Doors Are Open, британскиот документарец од 1968 година за групата, насочена на нивниот конечен настап во лондонски „Roundhouseu“.
Тој дел исто така е ремастериран и обновен.
Ќе биде вклучена и десетминутна верзија на песната The End од концертот во Торонто во август 1967 година.
Извор: МИА