ДокуНикулци на „Cult+Alt+Repeat“

Културното лето во Младинскиот образовен форум продолжува во понеделник, 16 август, кога во дворот ќе бидат прикажани шест кратки македонски младински филмови од Докуникулци, Македокс.

Со почеток од 19 часот, ќе бидат прикажани филмовите „Адолесцензура“, „Поглед во очите“, „Поинакви“, „Лог Аут“, „Скопска Ситуација’18“ и „Низ објективот на копнежот“.

„Работилниците за млади артисти, кои ги организираат Македокс, се одлично место за проширување на знаењата и вештините во документаристиката. Учеството во овие работилници е бесплатно. Тие поддржуваат млади луѓе кои имаат храброст да се изразат креативно и слободно, кои се спремни да се впуштат во авантури и да научат нешто повеќе за креирањето филмови. Дојдете во понеделник да влеземе во филновите на овие млади креативни луѓе – навистина имаат што да кажат. Се гледаме во дворче!“, велат организаторите.

Влезот за настанот е бесплатен, а повеќе детали за филмската програма се достапни тука.