Susan Carland е академик од Австралија, сопруга познатиот водител Waleed Aly и муслиманка која одлучи да донира по еден долар на UNICEF, за секој твит со говор на омраза испратен до неа.
За Sydney Morning Herald, таа објаснува дека „редовно добива твитови и пораки на Фејсбук од храбри борци за слобода скриени зад анонимни профили, кои ми кажуваат дека, како муслиманка јас сакам угнетување, убиства , војни и сексизам“. Заканите вклучуваат “барања да си заминам од Австралија, желба за моја смрт, навреди за мојот изглед, со посебен фокус на хиџабот, обвинувања дека сум џихадист“…
I donate $1 to @UNICEF for each hate-filled tweet I get from trolls. Nearly at $1000 in donations. The needy children thank you, haters! 😎
— Susan Carland (@SusanCarland) October 21, 2015
Таа додава дека откако се обидела со блокирање и игнорирање, дошла на идејата да донира по еден долар за секој навредлив твит.
„Чувствував дека треба активно да генерирам добрина во светот за секој грд вербален куршум испратен кон мене“, вели Carland.
Од октомври , кога ја почнала акцијата, досега донирала повеќе од 1000 долари за UNICEF.