Белград, Осиек, Будимпешта, Крагуевац, Ниш, Софија, па потоа завршни концерти на домашен терен во Скопје и Прилеп.
Вака изгледа турнејата по градови која домашниот состав „Vagina Corporation“ (Корпорација Вагина) ќе ја тера од 20 февруари, па се’ до 2 март.
View this post on Instagram
„Vagina Corporation“ стартуваше како соло проект на Лука Јованоски, млад музичар кој со своите другари е дел од новиот бран независна музичка сцена и колективот „Гола планина“.
Бендот во 2023 година доби стандардна постава од четворица момци (Лука плус Борјан Гаговски, Дарио Циевски и Филип Павловски), со енергија што продира низ стилски и жанровски предели, но секогаш со предзнак: рокенрол. Често дечките својата музика ја карактеризираат како КРАП, односно Краут-Рок-Американа-Психоделија.
Посакувајќи да имаат добар запис од нивниот звук во живо, лани снимија реобмислени фул-бенд верзии на нивниот материјал, во форма на видео кое ја заматува линијата помеѓу албум во живо и експериментален концерт-филм.
„Корпорација Вагина“ направија концертен филм: Сакаме публиката да се „изгуби“ во нашиот свет
Во меѓувреме свиреа на повеќе домашни настани и фестивали, а притоа лани кон крајот на февруари, практично исто време – истераа мини турнеја од Скопје во Белград, Нови Сад, Љубљана на „Мент“ и во малиот словенечки град Железники.
Сега, повторно ги чека пат, со нови свирки, пред нова публика што ќе слуша свежа македонскa музика.
„Пак фаќаме патот, пак ќе свириме музика, пак ќе слушате. Фала му на @battvomitt за дизајнот, @mrtov_konj и @badmusic4badpeople за турнејата и сите останати што помогнавте и што слушате“, велат од составот.
Бојан Шашевски