Доминација на „Succession“, „The Bear“ и „Beef“ на Еми наградите за 2024 година

Сериите „Succession“, „The Bear“ и „Beef“ беа големите победници на Еми наградите, кои по 75-ти пат се одржаа во Лос Анџелес, пренесува Би-Би-Си на српски јазик. Сара Снук, Киран Калкин и Мејту Мекфејден добија актерски награди за серијата „Succession“ која ја доби и наградата за најдобра драмска серија.

Легендарниот музичар Елтон Џон ја доби својата прва Еми награда и на тој начин се приклучи на ексклузивниот клуб на изведувачи кои ги освоиле Еми, Греми, Оскар и Тони наградите.

Останатите победници на вечерта беа „The White Lotus“ и „Abbott Elementary“.

Серијата „Succession“ имаше дури 27 номинации. Покрај наградата за најдобра драмска серија, серијата ја освои и наградата за сценарио и режија, додека глумицата Сара Снук и глумецот Киран Калкин ги освоија наградите за најдобра главна глумица и глумец за улогата Шива, односно Роман Рој.

Хумористичната драмска серија „The Bear“ освои три актерски награди. Џереми Ален Вајт ја доби наградата за најдобар глумец, а Ајо Едебири и Ебон Мос-Бахрах за најдобри споредни машки улоги.

„Succession“ и „The Bear“ освоија по шест награди во категориите драма и комедија, додека серијата на Нетфликс „Beef“ доминираше во категоријата мини серии. Али Вонг и Стивен Јун беа прогласени за најдобра глумица и најдобар глумец.

Квинта Брансон ја освои наградата за најдобра главна глумица во комедијата „Abbott Elementary“.

Џенифер Кулиџ пак, прогласена е за најдобра споредна драмска глумица за улогата во серијата „The White Lotus“.