Во сабота во 20:00 часот ќе се одржи културниот настан „Домот е наш“ кој има за цел да го актуелизира просторот околу студентскиот дом Гоце Делчев. „Платото помеѓу четирите кули е простор создаден за социјализација првенствено за студентите во домот, а зошто да не и за остатокот од градот?“
Според најавите на Фејсбук, денот ќе започне со ЕКО-акција во која ќе се вклучи ПАКОМАК со поставување на канти за селектирано фрлање отпад и „Паркови и зеленило“ кои ќе помогнат во средување на просторот во дворот. Настанот вклучува и хуманитарна акција за семејството Петковски кое го изгуби својот дом.
РАСПОРЕДОТ ЗА КУЛТУРНАТА ПРОГРАМА Е СЛЕДНИОТ:
20.00 Предавање на проф. д-р Георги Константиновски
Поранешен професор на Архитектонски факултет Скопје и архитект чиј најпознат белег во градот е студентскиот дом Гоце Делчев.
21.00 Проекција на краткометражни филмови :
Големиот Петар – Лавинија Софрониевска
На пат кон дома – Дина Дума
Помеѓу – Владимир Митревски Ѓуле
Млади режисери, студенти на ФДУ Скопје.
22.00 Lepi Xhoni VS Krist Krst
„Две семи-урбани особи, кои отсекогаш се залагале за галантно-лефтерна вожња, ќе се обидат да ја разблажат бруталноста на бетонскиот комплекс Гоце Делчев со својата аудиовизуелна експресија“.
Настанот е организиран од Здружението за развој на урбана култура и актуелизација на простор МЕЛЕЕМ – Скопје.