Оld School Cafe, денеска од 11 до 19 часот, го организира вториот бесплатен second hand шопинг во кои се донираат средства за хуманитарни цели.
Организаторите најавуваат дека во договор со тимот на С.О.С Детско село, се што ќе биде собрано ќе се донира за нивните штитеници.
Во склоп на настанот ќе бидат поставени и кутии за парични донации.
„На наша огромна радост, отвараме уште едно поглавје во донирањето и помошта за децата кои по посебна програма, на 18 годишна возраст, се отселуваат од детското село во свои домови. Можете да донирате и мебел и бела техника. Се им е потребно“, стои во фејсбук повикот.
За начинот на кој можете да учествувате во акцијата, повеќе информации можете да најдете на фејсбук настанот ОВДЕ.