Повеќе од 35 приватни и комерцијални 3Д принтери беа ставени во функција и работат 24 часа со цел да може да се произведе доволна количина на заштитни маски со визири за медицинските работници. Првата количина од 315 маски беа денес доставени во ГОБ “8-ми септември” на стерилизација, а подоцна и на официјална прераспределба на местата кои се први изложени на удар од корона вирусот.
Освен во Скопје, 3Д принтери работат и во Куманово, Битола, Охрид, Прилеп . Многу од членовите на инцијативата за маските, кои немаат принтери помагаат координирајќи соработка меѓу колегите и болниците, со цел да се запазат истите протоколи како и во Скопје.
„Голема благодарност на сите членови на заедницата кои постојано работат за да може да се нарави доволна количина на маски, а уште поголема благодарност до сите донори со чија помош се покриваат материјалите за овие маски да станат достапни на медицинските лица, односно на клиниките. Истите не се за продажба. Оваа иницијатива е од граѓаните за граѓаните и не е со цел остварување на профит. Моделот по кој работиме, како и повеќето модели кои можат да се најдат на интернет и веќе кружат по социјалните мрежи подлежат на non-commercial лицанца, што и ја прави нивната продажба противзаконска. Ќе додадеме и некои технички детали за овие маски. Држачите кои што имаат контакт со челото можат да се стерилизираат во водорор пероксид плазма на 50Cо, додека провидниот материјал може да се исчисти со потопувње во чист етанол или соодветен дезинфициенс.“, вели д-р Ристе Попески-Димовски од Институт за физика при Природно-математички Факултет.
Донациите кои ќе стигнат на сметка на АМЛС (Асоцијацијата на млади лекари и специјалисти) е најавено дека ќе бидат јавно достапни со цел да се знае каде и за што се потрошени средствата. По сегашните цени на материјалот една маска има потрошен материјал од 40 денари, не рачунајќи ја тука струјата и времето која граѓаните ќе ја потрошат дома или бензинот на оние кои го собираат и дистрибуираат готовиот материјал.
„Оваа инцијатива нема да застане само на овие заштитни визири. На барање на нас лекарите и на барање на болниците, 3Д дизајнери веќе работат на варијанти за елементи кои би можело да станат дефицитарни доколку продолжат забраните за извоз на медицинска опрема кои ги имаат повеќето земји, вели д-р Александар Каревски од Оддел за ортопедија и трауматологија при ГОБ “8-ми септември”.
Македонски ентузијасти преку 3D принтање создаваат и донираат визир маски