Донирани речиси 21 милион денари за поддршка на настраданите семејства во Кочани на сметките на Црвениот Крст

Вкупно 20.932.654 денари се донирани за поддршка на настраданите семејства во Кочани, соопшти утрово Црвениот Крст.

Оттаму упатија голема благодарност до сите кои досега донирале и се дел хуманитарната операција за поддршка на настраданото население.

Истовремено, посочија дека и понатаму продолжуваат со сите механизми за хуманитарна помош за настраданите граѓани и нивните семејства со нудење на прва психолошка поддршка, прва помош, транспорт и материјална поддршка преку ангажирани 120 лица од редот на вработените и волонтерите.

„Ве повикуваме и понатаму сите заедно да ја покажеме нашата хуманост и солидарност за обезбедување помош за настраданите семејства“, велат од Црвениот Крст.

Граѓаните може да донираат на:

– Сметка на Фондот на солидарноста на Црвениот крст на РСМ: 300000001327966, даночен број: 4030984271620 АД Комерцијална банка со назнака: помош за настраданите граѓани во пожарот во Кочани.

– Со повик на телефонските броеви на Македонски телеком и А1 Македонија 143 400 (донација од 100 денари од телефонски повик).

– Онлајн на: https://solidarnost.ckrm.org.mk/online-donacija/

– Додека за донации на средства во странска валута:
NAME OF THE ORGANIZATION: RED CROSS OF NORTH MACEDONIA
BANK NAME: KOMERCIJALNA BANKA AD SKOPJE
BANK ADDRESS: UL. ORCE NIKOLOV NO.3, 1000 SKOPJE, NORTH MACEDONIA
BANK ACCOUNT: 300000000000133 25730522-11
SWIFT CODE: KOBSMK2X
IBAN CODE: MK07300701000001228