Nëse doni të lexoni tekstin në gjuhën shqipe, shtypni “Shqip” / За текстот на албански јазик кликнете „Shqip“
-
Оставени сами на себе, со ниски примања за својот труд, недостаток на техничка опрема, недостаток на сниматели и фоторепортери како и службени возила, се секојдневните предизвици на дописниците од внатрешноста.
Сузана Мицева веќе девет години е дописничка од Струмица. Мотивирана од желбата да искуси нешто ново, да ги раскажува локалните приказни и да влијае врз решавање на проблемите, ја искористила шансата кога националните медиуми барале дописници. Но, со тоа ги посведочила и лошите услови со кои се соочуваат овие новинари.
„Дописниците имаат многу проблеми. Работат за минимални плати, кои и со дописничкиот хонорар ретко ја надминуваат просечната плата во Македонија. Дваесет и четири часа се на располагање на националните медиуми, а особено за викенди и празници, кога редакциите се испразнети во Скопје. Работиме со застарена опрема, којашто честопати е неупотреблива. Покрај тоа, живееме во мали средини и честопати доаѓаме во конфликти со одредени бизнис и политички групи, поради темите на коишто работиме“, раскажува Мицева.
Слично искуство имал и Зоран Димоски од Тетово кој со дописништво се занимава веќе 10 години. Пред три години започнал да соработува со повеќе национални медиуми, бидејќи како што вели финансиската ситуација со локалните медиуми е лоша.
„Кој било во Македонија да прашате некој што работи во локален медиум, гледа „тезга“ да фати за да може да донесе дома солидна плата“, вели тој.
„Во другите градови, платите што ги земаат новинарите најпрво се на пола работно време осигурани и земаат плати од 6-12 илјади денари“, додава.
За достоинствена плата, тој мора да работи во локален медиум и како дописник.
„Добро е што во последно време, медиумските куќи за кои работам ми дозволуваат да работам и за други медиуми затоа што и самите се свесни дека платата е многу ниска“, кажува Димоски.
Локалните теми поттиснати од високата политика
Во националните медиуми сè помалку им се дава простор на локалните приказни од внатрешноста заради случувањата на големата политичка сцена. Јавноста е презаситена од дневната политика и сака да слушне информации и за другите градови, смета Димоски.
„Локалните медиуми се занимаваат со суштинските проблеми на луѓе, додека во Скопје не се занимаваат. Многу ретко, единствено ако има на пример некој светски ден и тогаш ќе направат приказна, но тука завршува. Ние контактираме постојано со луѓето“, вели овој новинар.
„Понекогаш се шегувам – се чувствувам како во притвор, но притворот ми е голем колку Полошкиот регион. Не сум излезен од овде – без разлика дали има или нема настан“, додава тој.
Дефиницијата за дописник на Димоски гласи: „Тоа е кога не се регулирани обврските и должностите меѓу сопственикот на медиумот, уредникот и новинарот. Пример, јас за тоа време додека сум дописник не се знае кога имам слободен ден. Се случува и три дена да нема ништо, но пак мора да си присутен“.
И тој како и Мицева се соочува со немање услови за работа. Неговите колеги од медиумите за кои известува, вели тој, имаат автомобил, службен телефон, интернет, компјутер и техника која им е обезбедена, додека Димоски мора сам да се снајде.
„На пример, се расипала кола не можеш да отидиш на настан. Или честопати се случува кога одиме со службено возило да го удриме некаде, да направиш некоја сообраќајка, тоа мора сам да го платиш. Не сме ни осигурани“, раскажува тој.
Дописниците трпат поголем притисок
Трудот на дописниците од внатрешноста е потценет и понижен, што придонесува тие да се бројат на прсти. Новинарите кои работат за дел од националните медиуми во својство на дописници се на работ на преживување и имаат ниски примања за својот труд, со ретки исклучоци. Голем дел од дописниците поради тешката социјална и економска состојба го напуштаат новинарството. Ова дополнително доведува до се помалку информации од локално значење, или пак, и тие што ги има се погрешни.
Ова се најчестите поплаки кои ги добивале претставниците на Здружението за новинари на Македонија – ЗНМ при средби со своите колеги. За некои поплаки реагирале јавно или понудиле правна помош, но често поплаките се и анонимни, вели неговиот извршен директор Драган Секуловски.
„Во случаите кога сме биле замолени да не говориме јавно за жал не сме биле во ситуација да направиме голема промена а ова било случај и кога дел од дописниците работеле без никаков договор за ангажман со што имало тешкотии да се покренат правни мерки. Имаме многу примери за притисок кон дописниците, но и генерално кон новинарите кои работат во локалните медиуми, а еден од нив е и праксата да им биде задржуван дел од платата на новинарите од страна на менаџментот преку буквално земање на нивните дебитни картички и давање пари на рака. Во конкретниов случај, групата на новинари кои ни го пријави овој проблем не сакаа да преземеме ништо стравувајќи дека ќе ја изгубат својата работа а со тоа и дел од таа скромна плата која чесно ја заработуваат“, објаснува Секуловски.
Тој ги охрабрува своите колеги јавно да говорат за притисоците и проблемите, бидејќи како што вели само така може да се идентификува оваа негативна пракса и да се надмине.
Според истражувањето на Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници – ССНМ, дописништвото бележи пад, и засега само десетмина новинари се повремено или трајно ангажирани во некои од националните медиуми или веб-портали кои фигурираат во Скопје.
„Што мислите колку слободно, колку храбро и бескомпромисно може да работи новинар платен 4.000 денари? Што мислите како гордо и достоинствено се чувствува кога од таа сума ќе мора на сопственикот на медиумот да му врати 1.700 денари затоа што дополнително работи како дописник за национална куќа, а користи камера, снимен материјал од локалната? Затоа што газдата ги поседува и камерата, и матерјалот и камерманот, но и душите и достоинството на вработените.
Што мислите колку квалитетно работи новинар кој треба да продуцира осум прилога во денот ако сака да извади минимална плата? Колку пати може да ги провери фактите, колку бргу може да се подготви за темата кога во еден ден треба да пишува за субвениции, за бесправна градба и за филмски фестивал? Ве шокира ли овој фото робот на македонскиот дописник од вантрешноста?
Не сте знаеле или не сакате да знаете? Но, затоа на многумина им се полни усти критика за квалитетот на прилозите, за квалитетот на новинарството во Македонија“, на темата пишуваше и Тамара Чаусидис, претседателка на ССНМ.
Според неа, условите за работа на македонските новинари се лоши, но тоа е веќе познато, додека условите на македонските дописници ќе ги опише со еден збор – невозможни. Чаусидис вели дека проблемот на новинарите е што нивната работа не е механичка, не е автоматизирана, тие создаваат, тие сведочат, тие се очите и ушите и гласот на јавноста.
„Слушнете ги дописниците, дајте им збор на тие луѓе кои го познаваат теренот подобро од која било новинарска величина во Скопје, кои знаат кои се моќниците и сивите еминенции во нивното место, кои знаат како се доаѓа до информација и од каде да ја бараат, да ја работат својата работа достоинствено, со пристојни плати и без страв дека секој момент ќе ја загубат работата. Така и само така, наместо стеснет, дезориентиран ќе имаме информиран и артикулиран новинарски збор од внатрешноста“, пишува таа.
Притисокот е поголем во средина каде што секој со секој се знае, потврдува Мицева.
„Не помал проблем е што кога телевизиите кратат на трошоци, дописничките мрежи се први на удар. Дописниците се буквално на маргините на новинарството и иако ми е тешко да го признаам тоа сметам дека се незаштитени и со малку инструменти во раце за подобрување на состојбата“.
Според неа, дописниците би требало да се вработуваат и да имаат ист статус со новинарите во останатите редакции.
„Да им се дадат на располагање ресурси, а за тоа е потребна волја на самите медиуми: возило, опрема, затоа што нашата работа е теренска и ние речиси секој ден сме во различен град, различно населено место, а за тоа едвај добиваме надомест за гориво, а камоли амортизација на возило или патни трошоци, коишто пак, ги добиваат новинарите од истиот медиум кои на пример од Скопје одат на снимање во Кавадарци“, смета Мицева.
За Секуловски, реформите потребно е да почнат од Македонската радио телевизија.
„Се додека јавниот сервис функционира со дописници кои можат да се пребројат на една рака не можеме да дадеме и позитивен пример кон комерцијалните медуми. Граѓаните заслужуваат да имаат информации на МРТ од локален карактер зошто сите граѓани плаќаат за овој медиум. Информации одлокален јавенинтерес треба да има исто така и на приватните национални медиуми доколку така цени уредувачката политика на овие медиуми и имаат желба да бидат атрактивни на национално ниво“, истакна тој.
Емилија Петреска
-
Korrespodentët si “tezgaxhinj” – punojnë nën presion të madh për honorarë minimal
16/08/2018- LAJME, QYTETARË
Jemi lënë vetë, me të ardhura të vogla për punën tonë, mungesa e pajisjes teknike, mungesa e kameramanëve dhe fotoreporterëve si dhe automjeteve zyrtare, janë sfidat e përditshme të korrespodentëve nga brendësia e vendit.
Suzana Miceva tani më dhjetë vjet është korrespodent nga Strumica. E motivuar nga dëshira të shijojë diçka të re, t’i tregojë tregimet lokale dhe të ndikojë mbi zgjidhjen e problemeve, e shfrytëzoi mundësinë kur mediat nacionale kanë kërkuar korrespodentë. Por, me këtë ka qenë dëshmitare edhe e kushteve të këqija me të cilat janë përballur këta gazetarë.
“Korrespodentët kanë shumë probleme. Punojnë për rroga minimale, të cilat edhe me honorarin e korrespodentit rrallë e kalojnë rrogën mesatare në Maqedoni. Njëzet e katër orë janë në dispozicion të mediave nacionale, dhe në veçanti për fundjavë dhe gjatë festave, kur redaksitë janë zbrazur në Shkup. Punojmë me pajisje të vjetruara, e cila shpesh nuk mund të përdoret. Përpos kësaj, jetojmë në mjedise të vogla dhe shpesh herë biem në konflikt me biznese të caktuara dhe grupe politike, për shkak të temave të cilat i punojmë” sqaron Miceva.
Përvojë të ngjashme ka pasur edhe Zoran Dimoski nga Tetova i cili me korrespodencë po merret 10 vjet. Para tre vjet ka filluar të bashkëpunojë me më tepër media nacionale, sepse siç thotë situata financiare me mediat lokale është e keqe.
“Këdo të pyesni në Maqedoni, dikë që punon në media lokale, sheh të kapë “tezgë” që të mund të çojë në shtëpi rrogë solide”, thotë ai.
“Në qytetet të tjera, rrogat që i marrin gazetarët fillimisht janë për gjysmë orar pune, të siguruar dhe marrin rrogë prej 6 – 12 mijë denarë”, shton ai.
Për rrogë dinjitoze, ai duhet të punojë në media lokale dhe si korrespodent.
“Është mirë që kohën e fundit, shtëpitë mediatike për të cilat punoj më lejojnë të punoj edhe për media të tjera sepse edhe vetë janë të vetëdijshëm se rroga është shumë e vogël”, tregon Dimoski.
Temat lokale janë shtypur nga politika e lartë
Në mediat lokale gjithnjë e më pak ju jepet hapësirë tregimeve lokale nga brendësia për shkak të ndodhive në skenën e madhe politike. Qytetarët janë të ngopur nga politika ditore dhe dëshirojnë të dëgjojnë informata edhe për qytetet të tjera, konsideron Dimoski.
“Mediat lokale merren me problemet esenciale të njerëzve, ndërsa në Shkup nuk ndodh e njëjta. Shumë rrallë, vetëm nëse ka, për shembull ndonjë ditë botërore dhe atëherë do të bëjnë një storje, por këtu përfundon. Ne vazhdimisht kontaktojmë me njerëzit”, thotë ky gazetar.
“Ndonjëherë bëj shaka – ndihem si në paraburgim, por paraburgimi im është i madh sa Rajoni i Pollogut. Nuk kam dalë prej këtu – pa dallim nëse ka ndonjë ngjarje ose jo”, shton ai.
Përkufizimi për korrespodent i Dimoskit është: “Kjo është kur nuk janë të rregulluara obligimet dhe detyrimet ndërmjet pronarit të medias, redaktorit dhe gazetarit. Për shembull, unë për kohën përderisa jam korrespodent, nuk dihet kur kam ditë të lirë. Ndodh edhe tre ditë të mos ketë asgjë, por përsëri duhet të jesh i pranishëm”.
Edhe ai sikur Miceva, ballafaqohet me mungesën e kushteve për punë. Kolegët e tij të mediave për të cilat raporton, thotë ai, kanë automjete, telefon zyrtar, internet, kompjuter dhe teknikë e cila ju sigurohet, ndërsa Dimoski duhet vetë të gjendet.
“Për shembull, u prish automjeti nuk mund të mbërrish në ngjarje. Ose shpesh ndodh kur shkojmë me automjet zyrtar e godasim diku, bën ndonjë ndeshje, atë do të duhet vetë ta paguash. Ne nuk jemi të siguruar”, sqaron ai.
Korrespodentët vuajnë presion të madh
Puna e korrespodentëve nga brendësia nënçmohet dhe ofendohet, që kontribuon ata të numërohen në gishta. Gazetarët te cilët punojnë për një pjesë të mediave nacionale në vetinë e korrespodentit janë në greminë të mbijetesës dhe kanë të ardhura të vogla për punën e tyre, me përjashtime të vogla. Numri më i madh i korrespodentëve për shkak të gjendjes së vështirë ekonomike e braktisin gazetarinë. Kjo në mënyrë plotësuese rezulton me më pak informacione me rëndësi lokale, ose po, edhe ato që paraqiten janë të gabuara.
Dragan Sekullovski
Këto janë ankesat më të shpeshta të cilat i kanë pranuar përfaqësuesit e Shoqatës së Gazetarëve të Maqedonisë – SHGM, gjatë takimeve me kolegët e tyre. Për disa ankesa kanë reaguar publikisht ose kanë ofruar ndihmë juridike, por shpesh ankesat janë anonime, thotë drejtori ekzekutiv Dragan Sekullovski.
“Në rastet kur na janë lutur të mos flasim publikisht për fat të keq nuk kemi qenë në situatë të bëjmë ndryshim të madh ndërsa në çdo rast tjetër edhe kur një pjesë e korrespodentëve kanë punuar pa marrëveshje për angazhim me çka kanë pasur vështirësi të mëdha për inicimin e pasave juridike. Kemi shumë shembuj për preson ndaj korrespodentëve, por edhe në përgjithësi ndaj gazetarëve të cilët punojnë në media lokale, ndërsa një prej tyre edhe gjatë praktikës tu hiqet një pjesë e rrogës së gazetarëve nga menaxhmenti nëpërmjet, tekstualisht marrjes së kartelave të tyre debitore dhe dhënies së parave në dorë. Në rastin konkret, grup gazetarësh të cilët e paraqitën këtë problem nuk dëshironin të ndërmarrim asgjë duke pasur frikë se mos e humbin punën e tyre dhe me këtë edhe një pjesë të rrogës modeste të cilën e fitojnë me nder”, sqaron Sekullovski.
Ai i inkurajoi kolegët e tij, publikisht të flasin për presionet dhe problemet, sepse siç thotë ai vetëm kështu mund të identifikohet kjo praktikë negative dhe të tejkalohet.
Sipas hulumtimit të Sindikatës së Pavarur të Gazetarëve dhe Punëtorëve Mediatik – SPGPM, puna si korrespodent po shënon rënie të butë, dhe tani për tani dhjetëra gazetarë përkohësisht ose përgjithmonë janë angazhuar në media nacionale ose në ueb portale të cilat figurojnë në Shkup.
“Çfarë mendoni sa lirshëm, sa guximshëm dhe sa pa kompromis mund të punojë gazetar që paguhet 4.000 denarë? Çfarë mendoni si ndihen krenar dhe me dinjitet kur nga kjo shumë do të duhet ti kthejnë pronarit të medias 1.700 denarë, sepse punon në mënyrë plotësuese si korrespodent për shtëpi nacionale, ndërsa përdori kamerë, material të incizuar të shtëpisë mediatike lokale? Sepse pronari posedon kamerat, materialin dhe kameramanin, por dhe shpirtin dhe dinjitetin e të punësuarve.
Çfarë mendoni sa me cilësi punon gazetari i cili duhet të prodhojë tetë lajme në ditë nëse dëshiron të fitojë rrogë minimale? Sa herë duhet t’i kontrollojë faktet, sa shpejt duhet të përgatitet për temën kur gjatë një dite duhet të shkruajë për subvencione për ndërtimin pa leje dhe për festivalin e filmit? Ju trondit ky foto robot i korrespodentit maqedonas nga brendësia?
Tamara Çausidis – SPGPM
Nuk e keni ditur apo nuk doni ta dini? Por, prandaj shumica kanë gojën plot me kritikë për cilësinë e lajmeve, për cilësinë e gazetarisë në Maqedoni”, në lidhje me temën ka shkruar edhe Tamara Çausidis, kryetare e SÇGPM.
Sipas saj, kushtet për punë, të gazetarëve maqedonas janë të këqija, por kjo tani më dihet, ndera kushtet e korrespodentëve maqedonas do t’i përshkruaj me një fjalë – të pamundura. Çausidis thotë se problemi i gazetarëve është se puna e tyre nuk është mekanike, nuk është e automatizuar, ata krijojnë, ata dëshmojnë, ata janë sytë dhe veshët dhe zëri i qytetarëve.
“Dëgjoni korrespodentët, jepuni fjalë këtyre njerëzve të cilët e njohin terrenin më mirë se çdo fuqi gazetareske në Shkup, të cilët e dinë cilët janë të fuqishmit dhe eminencat informale në vendet e tyre, të cilët e dinë si arrihet tek informacioni dhe prej nga ta kërkojnë, ta punojnë punën e tyre me dinjitet, me rroga dinjitoze dhe pa frikë se çdo çast do të humbin punën e tyre. Kështu dhe vetëm kështu, në vend të fjalës së ngushtuar, të pa orientuar do të kenë fjalë gazetareske të informuar dhe të artikuluar nga brendësi” shkruan ajo.
Presioni është më mi madh në mjedis ku secili njeh secilin, konfirmon Miceva.
“Problem jo më të vogël paraqet fakti kur televizionet shkurtojnë shpenzime, rrjetet e korrespodentëve janë të parat në sulm. Korrespodentët janë tekstualisht në margjinat e gazetarisë dhe, edhe pse e kam vështirë ta pranoj këtë, konsideroj se janë të pa mbrojtur dhe me pak instrumente në dorë për përmirësimin e gjendjes”.
Sipas saj, korrespodentët do të duhet të punësohen dhe të kenë status të njëjtë me gazetarët në redaksitë të tjera.
“T’ju jepen në dispozicion resurse, ndërsa për këtë nevojitet vullnet nga vetë mediat: automjet, pajisje, sepse puna jonë është në teren dhe ne pothuajse për ditë jemi në qytet të ndryshëm, vendbanim të ndryshëm, ndërsa për këtë mezi fitojmë kompensim për karburant, dhe aq më pak për amortizim të automjetit ose për shpenzime rrugore, të cilat, i fitojnë gazetarët e medias së njëjtë për shembull nga Shkupi të cilët shkojnë për incizim në Kavadarc”, konsideron Miceva.
Për Sekullovski, reformat duhet të fillojnë nga Radio Televizioni i Maqedonisë.
“Derisa servisi publik funksionon me korrespodentë të cilët mund të numërohen në njërën dorë nuk mund të japim shembuj pozitiv për mediat komerciale. Qytetarët meritojnë të kenë informacione në RTVM me karakter lokal, sepse të gjithë qytetarët paguajnë për këtë media. Informata me karakter lokal e interes publik duhet të ketë gjithashtu edhe në mediat nacionale private, nëse vlerësohet kështu nga politika redaktuese e kësaj media dhe nëse kanë dëshirë të jenë atraktiv në nivel nacional”, theksoi ai.
Emilija Petreska
* Оваа содржина е изработена со помош на Европската Унија во рамките на Проектот за младинско изразување. За објавените содржини е одговорен Младински образовен форум и истите нужно не ги одразуваат ставовите на Европската Унија.