Или скопјани ги исплаши дождот или немаше што вистински да ги мотивира и синоќа да го посетат Пиволенд, па и во 9. 30 часот речиси и да немаше никој како на стејџовите, така и во публиката.
Летаргичното чувството дека фестивалот завршил уште пред да почне се промени кога стотина луѓе, стуткани под еден шатор на стејџот на Радио МОФ, ништо не можеше да ги спречи да се забавуваат.
Силниот дожд дури помогна да се вжешти атмосферата која ја создадоа келтските звуци на Rover’s Hangover, младите момчиња што навистина направија вечерта да не замре, туку токму спротивното – успеаја да ја пренесат нивната позитивна енергија. Со ова уште еднаш се потврди правилото, ако на луѓето им се понуди квалитетна музика, тие немаат проблем да „кулираат“ во калта во дружба со пивото, a некои и со скарата.
На главната сцена пак, иако со многу доцнење сепак настапија Некст Тајм. Пред малубројната публика, тие сепак им ги исполнија желбите на своите најверни слушатели. Енергичниот настап на Тамара Тодевска кој следеше потоа конечно го живна главниот стејџ, на кој веќе се собраа публиката, собрана на куп, на оние места на кои можеше поцврсто да се стои поради калта која што иако организаторите се обиделе да ја „решат“ со ставање на песок, обидот се покажа како неуспешен поради дождот кој периодично врнеше во текот на вечерта.
Од синоќа мора да се спомене и настапот на бендот June, како освежување на стејџот на Радио МОФ, кога за првпат пред публиката на Пиволенд отсвирија неколку необјавени песни во нивниот претпознатлив инди-звук.
До раните утрински часови на Радио МОФ бината публиката ја забавуваше DJ B!Zarre.