Денеска напладне запираат вонредните мерки за загадувањато во Скопје, меѓу кои и бесплатниот градски превоз.
„По добиената информација од МЖСПП, Град Скопје ги известува граѓаните дека денеска од 12 часот се укинуваат вонредните мерки меѓу кои сe и бесплатниот јавен превоз и поскапениот паркинг, како и интервентните препораки за намалување на загадувањето на воздухот што беа воведени на 27 јануари 2020 година. На мерните станици во главниот град среднодневните концентрации на ПМ10 честички во воздухот се под дефинираниот праг на алармирање од 175 µг/м3 и соодветно на тоа епизодата со зголемено загадување во текот на два последователни дена е прекината“, соопштија од Град Скопје.
Од Грдот додаваат дека мерките и препораките за намалување на загадувањето на воздухот ќе се воведат повторно доколку се повтори епизодата со загадувањето на воздухот.
Мерките во Скопје беа активирани во понеделникот, во попладневните часови.