Драган Илиевски е новиот вршител на должност директор на Зоолошката градина во Скопје, информираат од Град Скопје.
Оттаму посочуваат дека Илиевски има повеќе од 20 години работно искуство на раководни позиции во приватниот сектор. Илиевски е дипломиран машински инженер на Машинскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, а има завршено магистерски студии по Економија, додаваат од Град Скопје.
Тој доаѓа на оваа позиција по разрешувањето на претходниот в.д директор Кристијан Стаменов, кој беше разрешен откако во јули во зоолошката градина беа заклани повеќе од 10 коњи. Министерството за внатрешни работи тогаш поднесе кривични пријави против директорот и уште пет други лица.
Град Скопје: Разрешен директорот на ЗОО Скопје по скандалот што ја потресе јавноста