Драмски уметници се изолираа во италијански театар за да создадат драма за заробеништво

Уметници се „заробија“ себеси во театарот „Белини“ во Напа, за да протестираат против мерката со која се забрануваат живите настапи во Италија. Истовремено, уметниците ќе работат и на претстава за карантинот.

Шест уметници, четири актери и два драматурзи моментално се населени во театарот и работат на претстава за карантинското искуство со наслов „Црвената зона“ – името со кое Италија ги обележува високоризичните региони од ковид-19.

„Се затворивме во театарот, но луѓето се затворени во своите домови повеќе од една година. Мислам дека она што нас не турка напред ќе биде отсликано во публиката која ќе дојде да ја погледне претставата“, изјавила режисерката и авторката на текстот Лиција Ланера.

Претставата е и протестна нота против политичката апатија за улогата на претставите во современото општество.

„Идејата се роди откако зборувавме за политичката улога на театарот“, изјавил Даниел Русо, уметнички директор на театарот „Белини“.

„Публиката, кога театарската завеса одново ќе се крене, мора да увиди дека некои луѓе се противеле и покрај се’, исто како што отпорот се пројавувал низ италијанската историја. Токму поради оваа причина, претставата ќе биде уметничко дело“, изјавил Давид Сако, коавтор на проектот „Црвена зона“.

Претставата ќе биде одиграна само еднаш, на денот кога италијанските театри повторно ќе бидат отворени за публиката.

Театрите во Италија беа затворени минатата година во март, за време на првиот бран од пандемијата, а своите врати ги отворија во јуни. Но, вториот бран на регистрирани случаи во ноември одново ги затвори вратите на културните институции.

Италија е една од најпогодените земји од пандемијата во континентална Европа, со над 80.000 случаи и над 2.3 милиони регистрирани случаи.

Извор: Euronews