Перу ја отвори својата најпозната туристичка дестинација – „Мачу Пикчу“ за прв пат во седум месеци и тоа само за еден посетител.
Градот на Инките кој потекнува од 15 век е затворен поради коронавирусот, но местото беше специјално отворено за Џеси Такајама, јапонски турист кој бил „заробен“ во Перу уште од почетокот на пандемијата.
„Првиот човек на светот кој го посети „Мачу Пикчу сум јаааааааас! Ова е навистина прекрасно!“, објавил Џеси на својот „Инстаграм“ профил.
„Заробен“ во Перу уште од средината на март, Џеси Такајама, 26 годишен инструктор по боксување, чекал да го посети местот во блискиот град Агуас Калиентес. Министерот за култура на Перу, Алехадро Нејра за медиумите изјавил дека Такајама имал обиколка на Мачу Пикчу со раководителот на паркот.
„Тој го посетил Перу со сон да го види Мачу Пикчу“, додал министерот.
Градот на Инките сѐ уште не отворен за јавноста, а се очекува локалитетот да биде отворен во ноември, но датумот се чека да биде официјално потврден од државните институции.
„Сѐ уште не е утврден датумот за отворање. Се одржуваат состаноци со министрите и во наредната недела се очекува дека ќе се донесат решенија за реотворање на туристичките дестинации“, соопштил Нојра.
Во нормални услови, локалитетот Мачу Пикчу има околу 2500 посетители на дневно ниво.
Поради пандемијата, по реотворањето на местото, Мачу Пикчу ќе може да го посетат само 675 лица дневно, што е 30 отсто од капацитетот, а посетителите задолжително ќе мора да одржуваат физичко растојание.
Извор: Independent