Skopje Drum Talks на 13 март во Кино Фросина во МКЦ ќе ја претстават првата Drum клиника со тапанарите Гоце Стевковски, Дино Милосављевиќ и Михаил Парушев.
Предвидено е секој од нив да одржи презентација по што ќе следат прашања од публиката за техниките и вежбите кои ќе ги презентираат.
Настанот почнува во 18:30 часот, а влезот е бесплатен.
Повеќе информации можете да најдете на фејсбук настанот.