Nëse doni të lexoni tekstin në gjuhën shqipe, shtypni “Shqip” / За текстот на албански јазик кликнете „Shqip“
-
Жителите од селата Лојане, Ваксинце и Табановце со децении живеат до депонија со арсенски отпад, оставенa така, откако се затвори рудникот во близина на Лојане. Арсенот е отров кој е смртно опасен по здравјето на луѓето.
„Последиците од депонијата или отровот можат да се забележат во секое годишно време, особено во есен и пролет, кога дува силен ветер, носејќи арсен и во главните улици каде проаѓаат жителите. Присуството на арсен, се познава и по силната миризба на водата за пиење. Честопати сме ја праќале на анализи кои покажале дека е опасна за здравјето“, вели Абедин Исмаили, локален жител, објаснувајќи ја големата загриженост на жителите од оваа село, кои со години бараат проблемот да биде решен.
Додава дека, иако се ветувало дека проблемот ќе се реши, тој не е приоритет на државните институции.
„Нашето здравје е секојдневно загрозено од овој отпад. Почнувајќи од водата што ја пиеме, со која што се капиме па се до прехранбените производи што ги произведуваат жителите од ова село. Локалните институции не сакаат ни да слушнат за овој проблем бидејќи приоритет им се беџатонките, додека централните институции играат пинг-понг со овој сериозен проблем за сите жители на селото Лојане. Не смееме да заборавиме на лагата дека, една фирма од Турција го купила рудникот и ќе почне со работа, што автоматски овој простор ќе се ичисти од арсен“, вели Исмаили.
Рудникот на времето бил во сопственост на државата. Во него се вадела руда, во којашто има арсен и минерали на арсен и антимон. Рудникот бил затворен по проценките дека е неекономичен. За опасноста на арсенот потврдува и фактот дека бил користен како ефикасен отров.
„Една од хемикалите на арсен со векови се користи за отров. Кога некој сака да отруе луѓе арсеник користи, 100 грами умира човек, некој од арсеновите хемикали, значи ги има и до такви последици. Во помали количини, како што е овде, континуирано доведува до болести“, на вакон начин ја опишува опасноста од овој метал, професорот Трајче Стафилов, долгододишен професор и истражувач од Институтот за хемија, кој спроведува разни студии за жешките еколошки точки во земјава.
Објаснувајќи како се преработувал рудата во времето кога рудникот бил функсионален, професорот вели дека, кога рудата се вадела таа била јамска ескплоатација, значи подземја, се вадела рудата и се носела во близина на селата Ваксинце и Лојане.
„И тука, рудата која што се носела се преработувала. Остатокот се вика јаловина, таа има сеуште задржани минерали на арсен и антимон и други штетни метали, токсични. Се проценува дека има околу 450 илјади тони таков отпад. Концентратите што се добивале како производи, се концентрати на минерали на арсен и на антимон, но во исто време се надели и концетрати на хром“, вели професорот.
Според него, состојбата со оваа депонија е критична, и ништо од тогаш не е превземено, иако Европската Унија дала неколку пати средства за да се изработат студии и да се најде решение, досега не е превземено ништо посериозно.
Европската Унија во 2004-та година на владата на Република Македонија, преку Министерство за животна средина и’ донираше пари, со која што се изработи студија поврзана со токсичните депонии низ земјава. Експерти, странски фирми, консултански, направија увид и изработија стратегија како Македонија да се справи со отпадот, кој што констатираа дека според токсичноста на материјалот, според близината до населени места и така натаму, издвоииле 16 локации ои што ги нарекоа жешки точки, и Лојане е на трето место во таа листа.
„Најмногу заради што концентратот од 15 илјади тони којшто така е оставен е многу токсичен, бидејќи тој практично претставува хемиски, арсен суфит, во кој што содржината на арсен е меѓу 35 и 50%“, објаснува тој.
Професорот потоа додава дека арсенот е еден од металите којшто е ставен на листата на канцерогени метали, антимонот истотака.
„Многу е отровен. Откога ние ја дефиниравме, таа стратегија ја освои владата и имаше препораки. Меѓутоа, ЕУ не застана до тоа, но веднаш, кога ние тоа го класифициравме, за првите пет обезбеди пари да се работат пред проектни студии (физибилити студии)“, вели Стафилов.
Во 2007/08 година се изработија пред проектни студии (физибилити студии) со многу пари, со тоа што четирите ги финансираше ЕУ, а за Лојане ги финансираше Обединетите Нации, и се предложија мерки, дури со финансиска конструкција за различните варијанти што би требало да бидат превземени за сите овие пет.
„Студијата покажала во 2007 година на огромно загадување на подземните води во таа околина цела. И бидејќи во тоа време, луѓето за вода за пиење се снабдувале од бунарите, анализите на водата во тие бунари покажале дека концентратите на арсен во некои од тие води е 10 до 20 пати повисоко од дозволената. Потоа, анализите на зеленчуци кои што се одгледувале во бавчите исто така покажувале големо загадување во храната која што ја консумирале. Потоа, реките, водите, исто така носат таков материјал, бидејќи тој материјал е незаштитен. Потоа, тој материјал оставен на совршина незаштитен, не покриен се разнесува бидејќи е ситен, се разнесува со воздухот и таа прашина луѓето ја вдишуваат, а на сто метри на ова депонија има основно училиште со 300-400 деца“, додава тој.
Според него, државата има пристап до меѓународни фондови наметнети за овие прашање, но немало волја да се справат со тргнување на овие токсични депонии.
„Има фондови, глобалниот еколошки фонд има пари, базелската конвенција има пари, Македонија ги има потпишани сите тие конвенции и има пристап до тие фондови, е членка на ОН, има пристап до фондовите на ОН“, изјави професорот.
Од Минстерството за животна средина велат дека, подрачјето на поранешниот рудник на Лојане е идентификуван како еден од кантаминираните индустриски подрачја и во Националниот план за управување со отпад во Република Северна Македонија 2021-2031, за што е потребно да се преземаат мерки за ремедиација. Меѓутоа, министерството, моментално може да нуди само краткорочно решение.
„Согласно Физибилити студијата, најниска опција е покривање на депонијата, која е краткорочно решение и за истото, со тогашните цени на пазарот потребни биле 3 милиони долари. Треба да се нагласи дека Студијата треба да се ревидира бидејќи е стара и веројатно потребните финансиски средства ќе бидат далеку поголеми“, велат од министерството.
Оттаму додаваат дека, долготрајното решение за ремедијација на контаминираните локалитети е отстранување на отпадот и одлагање во депонија за опасен отпад, опција која е предвидена и во Фисибилити студијата. Меѓутоа, во Република Северна Македонија, моментално нема депонија за опасен отпад од ваков вид. Според нив, неговото формирање бара низа студии, бидејќи не е лесно да се определи точна локација, земајќи го предвид и искуството со формирањето на регионалните комунали депонии.
„Во овој контекст, а поради заинтересираност на инвеститори, Министерството за економија ја има започната постапката за издавања на депонијата под концесија, согласно законот за минерални суровини која е и најсоодветно решеније за отсранување на овој вид на отпад. Оваа постапка треба да се реализира на почетокот на 2024 година. Со концесијата се предвидува отстранување на отпадот и одлагање во друга локација надвор од државата, за понатамошно искористување на металите. Било који други активности за времено покривање и оградување, нема да го решаваат проблемот со загадувањето“, стои во одговорот на Министерството за животна средина.
Додека, од Министерството за Економија, велат дека, за локалитетот ‘Лојане’ беше доделен под концесија за експлоатација на минералната суровина – техногена минерална суровина, за кој е раскинат договорот за концесија по барање на концесионерот. Од таму велат дека започна постапка за доделување на нова концеција, но не споделуваат детали за конкретна временска рамка, кога би можеле да очекуваме да заврши оваа процедура.
„Министерството за економија за локалитетот ‘Лојане’, општина Липково започна постапка за повторно доделување под концесија за експлоатација на минералната суровина – техногена минерална суровина, односно во тек е постапка на прибирања на мислења од надлежните органи. Потоа следи донесување на Одлука за започнување на постапка за доделување на концесија за експлоатација, формирање на Комисија и објава на Јавен повикза доделување на концесија за експлоатација на техногени минерални суровини на локалитетот ‘Лојане’, општина Липково“, велат од од оваа министерство.
Инаку, Министерството за животна средина повеќе од една година ветуваше оградување и покривање на арсенот и другите отпадни минерални суровини расфрлани во Лојане и Табановце, како краткорочно решение, додека се најде концесионер што треба да го отстрани опасниот отпад од Лојане и Табановце и да го одложи на друга локација надвор од државата, но и оваа не е направено се’ уште.
Оваа сторија е продуцирана со поддршка на регионалниот проект „SMART Balkans – Зајакнување на улогата на медиумите во справувањето со климатските промени“ имплементиран од Центарот за промоција на граѓанското општество (CPCD), Центарот за истражување и креирање политики (CRPM) и Институтот за демократија и медијација (IDM) и финансиски поддржан од Министерството за надворешни работи на Норвешка (НМФА). Содржината на сторијата е единствена одговорност на авторите и не мора да ги одразува ставовите на Министерството за надворешни работи на Норвешка (НМНР).
Теута Бучи
-
Shteti mori para nga BE-ja, por nuk gjeti zgjidhje për deponinë me arsen në Llojan
Banorët e fshatrave Llojan, Vaksincë dhe Tabanoc me dekada jetojnë pranë deponisë me mbetje të arsenit të lënë aty, pas mbylljes së minierën në afërsi të Llojanit. Arseni është helm i cili është vdekjeprurës për shëndetin e njerëzve.
“Pasojat e deponisë apo thënë më qartë helmit që ndodhet në mesin tonë vërehen përgjatë çdo stine sidomos gjatë vjeshtes e pranveres kur frynë era e fortë bartë sasi të arsenit edhe në rrugën kryesore që është e frekuentuar nga banorët. Prezenca e arsenit në fshat identifikohet edhe nga aroma e rëndë e ujit për pije, që shpesh herë është dërguar në analiza dhe ka rezultuar i rrezikshëm për shëndetin tonë”, thotë Abedin Ismaili, banor lokal, duke sqaruar shqetësimin e madh të banorëve gna ky fshat, të cilët me vite kërkojnë që problemi të zgjidhet.
Ai shton se, edhe pse është premtuar se problemi do të zgjidhet, ai nuk është prioritet i institucioneve shtetërore.
“Ne si banorë të fshatit Llojan jemi të rrezikuar e shëndeti jonë i kërcënuar çdo ditë nga kjo deponi. Duzke filluar nga uji që pijmë, pastrohemi e deri te gjërat ushqimore që prodhojnë vetë qytetarët e këtij fshati. Institucionet lokale as që duan të dëgjojnë për këtë problematikë sepse prioritare i kanë kockat e betonit, e ato qëndrore luajnë pinpong me këtë problem serioz për të gjithë qytetarët e fshatit Llojan. Nuk duhet të harrojmë për gënjeshtren e sajuar që një kompani nga Turqia paska blerë minerën e fshatit dhe do të fillojë me punë që me automatizëm do të pastrohej edhe kjo zonë nga arseni”, thotë Ismaili.
Miniera në atë kohë ka qenë në pronësi të shtetit. Në të është nxjerrë xehe e cila përmban arsen dhe minerale të arsenit dhe antimonit. Miniera ishte mbyllur pas vlerësimeve se nuk është ekonomike. Rrezikun nga arseni e vërteton edhe fakti se është përdorur si helm efikas.
“Një nga kimikatet e arsenit është përdorur me shekuj për helm. Kur dikush dëshiron të helmojë njerëz përdor arsenik, 100 gram vdesë njeriu, disa nga kimikatet e arsenit, do të thotë ka edhe pasoja të tilla. Në sasi më të vogla, siç është këtu, sjell në mënyrë të vazhdueshme deri te sëmundjet”, në këtë mënyrë e përshkruan rrezikun nga ky metal, profesori Trajçe Stafilov, profesor shumëvjeçar dhe hulumtues nga Instituti i Kimisë, i cili zbaton studime të ndryshme për pikat e nxehta ekologjike në vend.
Duke sqaruar se, si është përpunuar xeheja në kohën kur miniera ka qenë funksionale, profesori thotë se, kur xehja është nxjerrë, eksploatim nga gropa, do të thotë nëntokësore, është nxjerrë xehja dhe është bartur në afërsi të fshatrave Vaksinsë dhe Llojan.
“Dhe këtu, xeheja e që është bartur është përpunuar. Pjesa tjetër quhet mbetje, ajo ka ende minerale që përmbajnë arsen dhe antimon dhe metale të tjera të dëmshme, toksike. Vlerësohet se ka rreth 450 mijë tonë mbetje të tilla. Koncentratet që janë marrë si prodhime, janë koncentrate të mineraleve të arsenit dhe antimonit, por në të njëjtën kohë janë prodhuar edhe koncentrat kromi”, tha profesori.
Sipas tij, gjendja me këtë deponi është kritike dhe asgjë nuk është ndërmarrë prej atëherë, edhe pse Bashkimi Evropina ka dhënë disa herë mjete që të bëhen studime dhe të gjendet zgjidhje, por deri më tani nuk është ndërmarrë asgjë më serioze.
Bashkimi Evropian në vitin 2004 përmes Ministrisë së Mjedisit Jetësor i ka dhuaruar Qeverisë së Republikës së Maqedonisë së Veriut para, me të cilat është përgatitur studim në lidhje me deponitë toksike në vend. Ekspertë, kompani të huaja, konsultuese, kanë bërë ekspertizë dhe strategji se si Maqedonia të përballet me deponitë, për të cilat u konstatua se sipas toksicitetit të materialit, sipas afërsisë pranë vendbanimeve dhe kështu me radhë, u ndanë 16 lokacione të cilat i quajtën pika të nxehta dhe Llojani është në vendin e tretë në atë listë.
“Më së shumti për shkak se koncentrati prej 15 mijë tonë i cili është lënë ashtu është shumë toksik, sepse ai praktikisht paraqet një tavan kimim arseniku, në të cilin përmbajtja e arsenit është mes 35 dhe 50%”, sqaron ai.
Profesori më tej shton se, arseni është një ndër metalet i cili është vendosur në listën e metaleve kancerogjene dhe antimoni po ashtu.
“Është shumë helmues. Pasi ne e definuam atë strategji qeveria e miratoi dhe kishte rekomandime. Megjithatë, BE nuk u ndalë me këtë, por menjëherë, kur ne e klasifikuam, siguroi para për pesë të parat që të përgatiten studime para projektuese (fizibiliti studime)”, thotë Stafilov
Në vitin 2007/08 u përgatitën studimet para prjektuese me shumë para, me atë që katër i financoi BE, ndërsa për Llojanin i financuan Kombet e Bashkuara dhe rekomanduan masa, madje me konstruksion financiar për variante të ndryshme se çfarë do të duhej të ndërmerret për këto pesë lokacione.
“Studimi në vitin 2007 tregoi se ka ndotje shunmë të madhe të ujërave nëntokësorë në atë rrethinë në tërësi. Dhe pasi që në atë kohë, njerëzit për ujë për pije janë furnizuar nga bunare, analizat e ujit në ato bunare treguan se, koncentratet e arsenit në disa prej atyre ujërave janë prej 10 deri në 20 herë më të larta nga ajo e lejuara. Më pas, analizat e perimeve që janë kultivuar në kopshte gjithashtu ka treguar ndotje të madhe të ushqimit që e kanë konsumuar. Më pas, lumenjtë, ujërat, gjithashtu sjelljin material të tillë, sepse ai material është i pambrojtur. Më pas, ai material i lënë në sipërfaqe i pambuluar, është bartur sepse është i imët, është bartur në ajër dhe atë pluhur njerëzit e thithin, ndërsa në 100 metra nga kjo deponi ka një shkollë fillore me 300-400 nxënës”, shton ai.
Sipas tij, shteti ka qasje te fondet ndërkombëtare të dedikuara për këto çështje, por nuk ka pasur vullnet që të ballafaqohet me largimin e këtyre deponive toksike.
“Ka fonde, fondi global ekologjik ka para, Konventa e Bazelit ka para, Maqedonia i ka nënshkruar të gjitha këto konventa dhe ka qasje te ato fonde, është anëtare e OKB-së, ka qasje te fondet e OKB-së”, thotë profesori.
Nga Ministria e Mjedisit Jetësor thonë se, zona e minierës së mëparshme në Llojane është identifikuar si një nga zonat industriale më të kontaminuara dhe në planin nacional për menaxhim me mbeturina në Republikën e Maqedonisë së Veriut 2021-2031, për çkla nevojitet të ndërmerren masa për rehabilitim. Megjithatë, ministria, momentalisht mund të ofrojë vetëm zgjidhje afatshkurtër.
“Në përputhje me studimin fizibiliti, opsioni më i ulët është mbulimi i deponisë, që është zgjidhje afatshkurtër dhe për të njëjtë, me çmimet e tanishme të tregut nevojiten 3 milionë dollarë. Duhet të theksohet se Studimi duhet të rishikohet sepse është i vjetër dhe me siguri mjetet e nevojshme financiare do të jenë shumë më të mëdha”, thonë nga ministria.
Prej aty shtojnë se, zgjidhja afatgjate për rehabilitimin e lokalitetit të kontaminuar është largimi i mbeturinave dhe dërgimi i tyre në deponi për mbeturina të rrezikshme, opsion i cili është parpara edhe në studimin fizibilit. Megjithatë, në Republikën e Maqedonisë së Veriut, momentalisht nuk ka deponi për mbeturina të rrezikshme të këtij lloji. Sipas ture, formimi i tyre kërkon një sërë studimesh, sepse nuk është e lehtë të përcakohet një lokacion i saktë, marrë parasysh edhe përvojën me formimin e deponive rajonale komunale.
“Në këtë kontekste, ndërsa për shkak të interesimit të investitorëve, Ministria e Ekonomisë ka filluar procedurën për nxjerrjen e deponisë nën koncesion, në përputhje me ligjin për lëndë minerale, që është edhe zgjidhja më adekuate për largimin e këtij lloji të mbeturinave. Kjo procedurë duhet të realizohet në fillim të vitit 2024. Me koncesionin parashihet largimi i mbeturinave dhe depozitimi në një lokacion tjetër jashtë shtetit, për përdorim të mëtejmë të metaleve. Cilat do aktivitete të tjera për mbulim të përkohshmë dhe rrethim, nuk do ta zgjidhin problemin me ndotjen”, thuhet në përgjigjen e Ministrisë së Mjedisit Jetësor.
Ndërsa nga Minsitria e Ekonomisë, thonë se, për lokacionin “Llojan”, ishte dhënë nën koncesion për eksploatim të lëndëve minerale – lëndëve minerale teknogjenike, për të cilin është ndërprerë marrëveshja për koncesion me kërkesë të koncesionarit. Prej aty thonë se, ka filluar procedura për ndarjen e një koncesioni të ri, por nuk ndajnë detaje për kornizë të saktë kohore, se kur mund të presim të përfundojë kjo procedurë.
“Ministria e Ekonomisë për lokacionin “Llojan”, Komuna e Likovës, ka filluar procedurë për ndarjen e sërishme nën koncesion për eksploatim të lëndës së parë minerale – lënda e parë materiale teknogjenike, përkatësisht është në rrjedhë procedura për mbledhjen e mendimeve nga organet kompetente. Më pas, vijon miratimi i vendimit për fillimin e procedurës për ndarjen e koncesionit për eskploatim, formim të komisionit dhe publikim të thirrjes publike për ndarjen e koncesionit për eksploatim të lëndës së parë minerale teknogjenike në lokacionin “Llojan”, Komuna e Likovës”, thonë nga kjo ministri.
Ndryshe, Ministria e Mjedisit Jetësor prej më shumë se një viti premton rrethim dhe mbulim të arseni dhe mbetjeve të lëndëve të para minerale të tjera të hedhura në Llojan dhe Tabanoc, si zgjidhje afatshkurte, derisa të gjendet koncesionar i cili duhet ta largojë deponinë e rrezikshme nga Llojani dhe Tabanoci dhe ta dërgojë në një lokacion tjetër jashtë shtetit, por edhe kjo nuk është bërë ende.
Teuta Buçi
Kjo storje është përgatitur me mbështetjen e projektit rajonal “SMART Balkans – Forcimi i rolit të mediave në ballafaqimin me ndryshimet klimatike” e zbatuar nga Qendra për Promovimin e Shoqërisë Civile (QPSC), Qendra për Kërkim dhe Krijim të Politikave (QKKP) dhe Instituti për Demokraci dhe Ndërmjetësim (IDN), si dhe me mbështetjen financiare nga Ministria e Punëve të Jashtme Norvegjeze (MPJN). Përmbajtja e tregimit është përgjegjësi vetëm e zbatuesve të projektit dhe nuk pasqyron domosdoshmërisht pikëpamjet e Ministrisë së Punëve të Jashtme të Norvegjisë (MPJN).