Државен студентски дом „Скопје“ со демант: Новото раководство ги плаќа тековните сметки за вода

Ви го презентираме соопштението од Државниот студентски дом „Скопје“, преку кое ја демантираат информацијата од ЈП „Водовод и канализација“, во која се тврдеше дека студентскиот дом „Кузман“ е исклучен поради неплатени сметки за вода во последниве пет месеци, покрај долгот направен од претходното раководство:

„Во целост демантираме информации пласирани во јавноста од страна на ЈП Водовод и
канализација, каде се тврди дека ДСД „Скопје“ или МОН не плаќале сметки за вода. Од
моментот на назначувањето на новото раководство, сите сметки за вода се платени и тоа е
јавен податок кој многу лесно се проверува.

Се работи за долг стар 5 години, направен од претходното раководство, со што е
нарушено живеењето и секојдневните потреби на студентите во домот. За периодот од пет
години на неплаќање на сметките за вода,не е поднесена ниту една опомена за
исклучување, ниту пак е дојдено да се исклучи водата и за конкретниот периодот
направен е долг од околу 60,000,000,00 денари.

Новата влада и новото раководство,сериозно се зафати да ги реши наталожените
проблеми произлезени од недомаќинското и расипничко владение:
– Платени се тековните сметки за вода за месец Јули и за месец Август
– На седица на влада(26.09.17),обезбедени и депонирани се средства за сервисирање на
заостанатиот долг.
– Направен е акционен план за понатамошно непречено плаќање на тековните сметки.
– Во координација со Министерството за образование и наука, и со одлуката на Владата,
овој наследен проблем, е веднаш решен.

Со вакви вулгарни нечовечки постапки, се загрозуваат основните животни потреби на
студентите сместени во студентските домови, и се поигрува со животните услови и
стандарди на најранливата и од посебен вид општествена категорија граѓани, оставајќи ги
ненајавено и бесрамно во утринските часови без вода“, стои во соопштението од Државниот студентски дом „Скопје“.