Иако во фокус е зелената реторика, за време на пандемијата се забележани обилни финансирања во авионската и автомобилската индустрија, пренесува „Гардијан“.
Државите кои ја сочинуваат интернационалната групација „Г7“ вложиле милијарди долари во бензин, отколку во чиста енергија од започнувањето на пандемијата од КОВИД-19 и покрај ветувањата за зелено опоравување.
Додека Велика Британија се подготвува за „Г7“ самитот, нова анализа открива дека државите членки одвоиле 189 милијарди долари за јаглен, бензин и гас во периодот помеѓу јануари 2020 и март 2021. Во споредба, истите земји – Велика Британија, САД, Канада, Италија, Франција, Германија и Јапонија, потрошиле 147 милијарди долари за чисти форми на енергија.
Поддршката за фосилни горива од седумте најбогати светски нации вклучува мерки за отстранувања или намалување на еколошките регулации, како и директно финансирање на горивото, гасот и јагленот.
Анализата креирана од хуманитарната организација „Тирфанд“ и Интернационалниот институт за одржлив развој покажува дека нациите испуштиле бројни можности за поеколошки да одговорат на пандемијата. Во најголемиот број од случаите, парите одвоени за индустриите со фосилни горива најчесто биле давани без никакви услови, наместо финансирањето да биде условено со намалување на емисиите на штетните гасови или загадувањето. Според анализата, осум од секои 10 долари потрошени на неодржувачка енергија биле неусловени.
Ова вклучувало финансии биле инвестирани во авио и авто индустријата, кои добиле 115 милијарди долари од земјите членки на „Г7“ групацијата. Од тие финансирања, 80 отсто биле дадени без условување за намалување на емисиите на гасовите како возврат за поддршката.
Само 1 од 10 долари насочени кон одговорот на пандемијата биле во корист на еко-енергиите како одржливата енергија и мерките за енергетска ефикасност.
Британскиот премиер, Борис Џонскон, ќе го отвори самитот во Корнвол во 11 јуни. Тој изјавил дека сака да ги спои нациите и да изгради подобри темели, а од пандемијата да создаде позелена и попросперитетна иднина. Освен државите членки на „Г7“, Велика Британија ги покани Јужна Африка, Австралија, Индија и Јужна Кореа.
Анализата која ги проучува одлуките на седумте најголеми западни економии во последните 15 месеци открива дека тие сè уште не инвестираат доволно во технологии кои ќе дадат брз одговор на прочистување на нивните економии, како и фактот дека седумте држави не создале услови за поеколошки работни позиции.
Пол Кук, претставник на „Тирфанд“ која делува во некои од најсиромашните земји во светот кои се најпогодени од глобалното затоплување, истакнал дека секој ден, жителите го сведочат влошувањето од климатската криза ширум светот – пропаѓаат плодовите на земјоделците, градовите и селата се погодени од поплави и пожари, а фамилиите со соочуваат со нестабилна иднина.
„Изборите кои ги направиле најбогатите држави или ќе понудат безбедна иднина за сите или пак ќе ги уништат сите обиди за намалување на климатската криза“, изјавил Кук.
Истовремено, земјите од „Г7“ групацијата се најголемите загадувачи на светот. Тие претставуваат една десетина од светската популација, но се одговорни за скоро четвртина од емисиите на јаглерод диоксид на глобално ниво.
„Нивните одлуки може да понудат спас или неуспех“, дополнил Кук.
За време на пандемијата од КОВИД-19, невидени суми на пари биле потрошени од државите – се проценува дека 50 најголеми светски економии одвоиле најмалку 14.6 трилиони долари за финансиски мерки во 2020 година.
Анализата ја истражува поддршката на седумте нации плус четирите држави кои се поканети на самитот во Корнвол, кои ја дале во пет енергетски полиња – чиста енергија, како ветер и соларна енергија, чиста енергија која може да се потпре на фосилни горива, како електрични возила, условена енергија од фосилни горива, неусловена енергија од фосилни горива и останати енергетски сектори како биогорива.
„Г7“ државите најголема финансиска поддршка дале на транспортот. Средства им биле дадени на компании како „Ер Франс“, „Бритиш Ервејс“, „Рајанер“, „ИзиЏет“, „Луфтханза“, јапонските авио-линии, „АлИталија“, „Рено“ и „Хонда“. Финансиската поддршка завршила кај индустрии со висока стапка на загадување, која ќе влијае на декадите кои доаѓаат, без да биде направен некаков притисок за поеколошко делување, велат авторите.