Во текот на вчерашниот ден доставени се барања до собраниските комисии за здравство и законодовно-правната комисија, како и до Министерствотот за здравство за повлекување на предлог – законот за прекинување на бременоста, соопштуваат од организацијата Х.Е.Р.А.
Барањата биле потпишани од 72 граѓански организации, групи и институции, како и од 26 поединци.
Во барањата се наведува дека Предлог-законот е неприфатлив, дека нема потреба од негово изгласување и дека не треба понатаму да се разгледува од Собранието на Република Македонија.
Покрај тоа, потписниците на барањето упатуваат на тоа дека обидот да се носи законот по скратена постапка е недемократски.
Во средата, стотина граѓани пред Собранието протестираа против предлог-законот за прекинување на бременост. Владата му достави на Собранието предлог-закон за прекин на бременост, со кој според граѓанските организации, дополнително се комплицира процедурата на абортус и се нарушуваат правата на жените. Министерот за здравство, Никола Тодоров пак, тврди дека законот нема за цел да скрати нечие право или некому нешто да му наметне.