Повеќе од два милиони луѓе вработиле властите во Кина само за да следат што граѓаните објавуваат на интернет. За да ги контролираат содржините, а загрижени поради зголемениот број на корисници на микроблогови на кои се критикува нивната работа и луѓето го изразуваат својот бес против системот, властите се решиле на ваков потег, објави , јавува Бибиси повикувајќи се на весникот Бејжинг њуз.
На аналитичарите не им било наредено да ги бришат корисниците туку „ да собираат информации и да го анализираат јавното мислење на микроблоговите, а комплетираната содржина да им ја предаваат на законодавците“.
Танг Сиаотао ја работи оваа работа нешто помалку од шест месеци. Танг секоја година во апликација инсталирана на компјутерот ги пишува клучните зборови посочени од клиентите. Потоа тој ги прегледува негативните коментари поврзани со клиентот и ги собира за да направи извештај кој му го испраќа на клиентот, пишува Би-би-си.
Кина ретко открива детали за големината и софистицираноста на нејзината интернет полиција. Се верува дека овие два милиони набљудувачи се само дел од големата бројка службеници што го надгледуваат Интернетот.