Анализата за производители на пластичен отпад открива кои се компаниите што ја предводат климатската криза преку производство на пластика за една употреба, известува „Гардијан“.
Дваесет компании се одговорни за производство на повеќе од половина пластичен отпад за еднократна употреба во светот, со што ја предводат климатската криза и создаваат климатска катастрофа, покажува нова анализа.
Помеѓу глобалните бизниси одговорни за 55 отсто од глобалниот пластичен отпад, се наоѓаат држави и меѓународни корпорации, вклучувајќи компании за нафта и гас.
Дваесетте најголеми производители на пластика за еднократка употреба се:
„ExxonMobil“ која создава 5.9 отсто од пластичниот отпад
„Dow“ создава 5.6 отсто
„Sinopec“ создава 5.3 отсто
„Indorama Ventures“ создава 4.6 отсто
„Saudi Aramco“ создава 4.3 отсто
„PetroChina“ создава 4 отсто
„LyondellBasell“ создава 3.9 отсто
„Reliance Industries“ создава 3.1 отсто
„Braskem“ создава 3 отсто
„Alpek SA de CV“ создава 2.3 отсто
„Borealis“ создава 2.2 отсто
„Lotte Chemical“ создава 2.1 отсто
„Ineos“ создава 2 отсто
„Total“ создава 1.9 отсто
„Jiangsu Hailun Petrochemical“ создава 1.6 отсто
„Far Eastern New Century“ создава 1.6 отсто
„Formosa Plastics Corporation“ создава 1.6 отсто
„China Energy Investment Group“ создава 1.5 отсто
„PTT“ создава 1.5% отсто
„China Resources“ создава 1.3 отсто
Анализата ги открива компаниите чии производи опфаќаат производство на маски, пластични ќеси и шишиња, кои подоцна ги загадуваат океаните или се изгорени и фрлени на широки полјани.
Истовремено, анализата открива дека Австралија е прва земја на листата по производство на пластика за еднократна употреба, а по неа следуваат САД, Јужна Кореа и Британија.
„ExxonMobil“ е најголемиот загадувач од пластичен отпад кој додава 5.9 милиони тони пластичен отпад, се вели во анализата изработена од „Миндеро“ Фондацијата во соработка со Лондонската школа за економија и Институтот за чиста средина во Стокхолм. Најголемата компанија за хемикалии во светот, „Dow“ од САД, создала 5.5 милиони тони пластичен отпад, додека кинеската компанија за гас, „Синопек“ создала 5.3 милиони тони пластичен отпад.
Единаесет од компаниите се наоѓаат во Азија, четири во Европа, три во САД, една во Јужна Америка, а една компанија се наоѓа во Блискиот Исток. Нивното производство на пластика е финансирано од водечкни банки како „Bank of America“, „Barclays“, „HSBC“, „Citigroup“ и „JPMorgan Chase“.
Според анализата, количеството на пластичен отпад од овие компании е скоро половина од целосното количество на пластичен отпад фрлен во 2019, што изнесува 130 милиони тони.
Пластиката за еднократна употреба е отпад кој ја предводи климатската криза, а бидејќи предметите не се рециклираат лесно, тие создаваат „планини од купишта отпад“. Само 10 односно 15 отсто од пластичниот отпад се рециклира на годишно, глобално ниво.
Ал Гор, поранешниот претседател на САД истакнал дека анализата открива како компаниите за нафта се обидуваат да се префрлат кон производство на пластика.
„Бидејќи пластиката највеќе се прави од нафта и гас, производството и користењето на пластиките станува главна причина за климатската криза“, изјавил Гор.
Количеството на пластичен отпад расте од година во година. Во наредните пет години, капацитетот за производство на пластика за еднократна употреба ќе порасне за 30 отсто. До 2050 година се очекува пластичниот отпад да е одговорен за 5 до 10 отсто од емисиите на јаглерод диоксид.
„Се очекува еколошка катастрофа – големи количества од пластиката за еднократна употреба ќе завршат како загадувачи во земјите во развој кои најчесто имаат скромни средства за менаџирање со отпадот“, изјавил авторот на анализата.