Двајца македонски планинари по кои се трагаше утринава загинаа на планинарската тура со која викендов се искачуваше врвот Кајмакчалан, потврди Министерството за внатрешни работи. Засега познат е идентитетот на 26-годишната Калина Велевска, која заедно со починатото момче биле членови на планинарскиот дом „Трансверзалец“. Според првичните информации, двајцата планинари најверојатно загинале по пад во бездна.
Калина Велевска беше позната на јавноста како голем вљубеник во планините, а за оваа своја љубов пишуваше на блогот ,,Од дневникот на една планинарка“.
Планинарското друштво „Трансверзалец – Скопје“, беше и организатор на најавената планинарската тура за освојување на врвовите Кајмакчалан 2528 мнв и Кравица 1682 мнв.