Двајца мажи обвинети за кражба на дело од Бенкси

Двајца мажи се обвинети откако уметничко дело на познатиот уличен артист Бенкси беше украдено од уметничка гелрија во центарот на Лондон, соопшти тамошната полиција.

По кражбата во галеријата што се случи во неделата околу 22 часот отворена е истрага. Украдено е само делото „Девојче со балон“, што оттогаш е пронајдено.

Лери Фрејзер и Џејмс Лав се двјацата обвинети за кражбата кои вчера се појавија на суд. Следното рочиште е закажано за 9 октомври во судот во Кингстон.

„Девојка со балон“ е дел од серијата мурали на герила-уметникот. Една верзија од делото беше делумно уништена откако беше изложена на аукција за повеќе од еден милион фунти во 2018 година. Делото беше избрано за омилено од страна на нацијата во 2017 година кога на јавна анкета гласаа 2.000 луѓе. Минатиот месец Бенкси откри серија мурали со животинска тематика низ градот, вклучувајќи ја и зоолошката градина во Лондон.