Министерството за здравство (МЗ) денеска информираше дека во изминатото деноноќие од Ковид-19 починале две лица, односно, едно лице од Скопје на 80 години и едно лице од Куманово на 73 години.
Исто така, од МЗ информираат дека во последните 24 часа се потврдени 19 нови случаи на Ковид-19, односно, регистрирани се 7 случаи на Ковид-19 во Скопје, 4 во Куманово, 3 во Крива Паланка и по 1 случај е регистриран во Прилеп, Охрид, Струмица, Тетово и Кичево.
Регистрирани се 14 оздравени пациенти, односно, од Скопје – 6, Куманово – 5, Тетово – 2 и 1 од Кичево.
„Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 155.612, бројката на оздравени пациенти е 149.722, на починати е 5.474, а бројот на активни случаи изнесува 416“, стои во соопштението на МЗ.
Досега во земјава се направени вкупно 848.334 тестирања на Ковид-19, а во изминатото деноноќие се направени 3.680 тестови.