Со проекција на околу 40 филмови, 50 настани и 20 домашни и меѓународни гости годинава ќе се одржи дванаесеттото издание на Филозофскиот филмски фестивал (ФФФ).
Од ФФФ посочуваат дека главната програма на овогодишното издание ќе се одржи од 1 до 9 јуни, а пред тоа, од 19 до 27 мај во Кинотека на Северна Македонија ќе се одржи традиционалната ретроспектива, оваа година на филмскиот корифеј Луис Буњуел
„По минатогодишното хибридно издание, годинава Филозофскиот филмски фестивал се враќа речиси целосно со физичко издание. Фестивалот ќе се одржи пред големото платно на кинотечната сала во Кинотеката, како и во Летното кино ‘Мирно лето’, во дворот на Кинотеката на С. Македонија“, соопштија од ФФФ.
Фестивалот, чие овогодишно издание е во знакот на надреализмот е поделен на шест сегменти, односно, ретроспектива Буњуел, ревијална програма: филм-философија, официјална селекција на долгометражни филмови и официјална селекција на краткометражни филмови, едукативна програма и придружна програма.
Целосниот каталог за Филозофскиот филмски фестивал може да се погледне на следниов ЛИНК.