Две големи и сјајни комети, од кои едната веќе се најавува како „комета на векот“ оваа година ќе бидат видливи од северната земјина хемисфера, за првпат по подолго време. Цели 15 години по кометата „Хале-Боп“, која беше видлива северно од Екваторот, во 2013 најпрво се очекува кометата Pan-STARRS, која во март, по долго патување од крајот на нашиот сончев систем ќе се доближи до 180 милиони километри од Земјата.
Кометата може да „потфрли“ доколку се распадне поради топлината и гравитацијата кога ќе се доближи до Сонцето. Но, доколку го преживее ова, Pan-STARRS би можела да исфрли гас и прашина и да предизвика вистински спектакл на ноќното небо, велат научниците од НАСА. Со оглед на нејзината близина до Сонцето, кометата ќе биде видлива само на изгрејсонце и зајдисонце:
Втората голема комета, за која научниците прогнозираат дека може да биде „комета на векот“ ќе пристигне во наша близина во декември. Кометата ISON, Која ја открија руските астрономи-аматери Виталиј Невски и Артем Новичонок, ќе се доближи до 40 милипони километри до Земјата и според прогнозите на астрономите, би можела да биде посјајна од „големата комета“ од 1680, која е првото вакво вселенско тело во историјата откриено со телескоп. „Големите комети“ се оценуваат според нивната магнитуда на светлина, а за такви се сметаат кометите кои се видливи дење. Погледнете го ова видео на НАСА, во кое се објаснува природата на кометата Pan-STARRS:
Инаку, утре (15.02) на само 27.000 километри покрај нашата планета ќе помине астероид широк 45 метри, што е најблиска „средба“ со објект од оваа големина за кој научниците знаеле однапред. Тие ќе извршат низа истражувања овозможени од