Две и пол години затвор добија насилниците од Штип кои претепаа девојка

Двајцата насилници кои претепаа девојка во Штип, добија по две и пол години затвор, пренесува „ММС.мк“. На социјалните мрежи претходно се рашири видео-снимка на која се гледа насилството врз девојката, јавноста тогаш остро го осуди овој случај и побара правна разрешница.

Како што пишува „ММС.мк“ двајцата насилници на возраст од 23 и 26 годишна возраст остануваат во затворот во Куманово, каде се во притвор, до правосилноста на пресудата.

Пресудата е изречена во Основниот суд во Штип, а на изрекувањето не присуствувале ниту обвинетите, ниту нивниот адвокат.

На видеото кое беше објавено пред еден месец се гледаше како еден од насилниците држи во рака нешто што наликува на тест за бременост и ја шутира девојката, додека другиот ја снима целата случка.

Видео со насилство врз девојка кружи на социјалните мрежи, МВР го расветлува случајот