Амбасадата на Шведска во соработка со Кинотека на Македонија, во четврток (25 февруари), 2016 година со две проекции, во 20:00 часот и во 21:20 часот премиерно ќе го прикаже шведскиот филм „Белвил Бејби“. Филмот е со превод на македонски и англиски. Влезот за проекциите е бесплатен.
Филмот зборува за режисерка што ја контактира човек од нејзиното минато и и’ кажува дека минал многу години во затвор. Таа се присетува на пролетта кога го запозна во Париз, на тогашните протести, на веспата и мачката што тој и‘ ги даде. Но, таа се сеќава и на денот кога тој исчезнува…. „Белвил Бејби“ е филм за времето, за сеќавањата, и за нештата што попатно се губат. Филмот е во режија на Миа Ендберј, а во главна улога со Оливије Десотел.
Организаторите советуваат билетите да се резервираат телефонски во Кинотека.