Ново движење кое се роди преку Instagram профил има една единствена жалба: Pierre-Auguste Renoir, францускиот импресионист, според нив е ужасен уметник и неговите слики треба да бидат отстранети од музеите.
Држејќи знаци на кои пишува „ReNOir“, „Take’em down! Renoir Sucks“ и „God Hates Renoir“, членовите на Renoir Sucks at Painting движењето протестираа пред Музејот на уметност во Бостон во понеделникот. Групата предводена од организаторот Max Geller, побара музејот да ги тргне сите слики од Renoir. Во музејот има многу негови дела, меѓу кои и познатата „Танц во Буфивал“ од 1883 година.
This thrilling submission is titled “Contemplating The Mystery of the Missing Shoulders.” #RenoirSucksAtPainting A photo posted by Renoir Sucks At Painting (@renoir_sucks_at_painting) on
„Зошто толку многу луѓе мислат дека е добар? Сте ги погледнале ли неговите слики?“, вели Geller ,на прашањето зошто толку му пречи Renoir.
„Во реалноста, дрвата се прекрасни. Ако му верувате на Renoir, ќе мислите дека се само колекција на зелени чкртаници“, додава.
Geller го мрази Renoir толку многу, што отворил Instagram исто така наречен Renoir Sucks at Painting, каде се прикажани фотографии од одредени слики на уметникот со критицизам во коментарите, како и фотографии од Geller и други како позираат „разочарано“ пред неговите слики.
Instagram профилот има 2400 следбеници, а успеа и да ја налути Genevieve Renoir, далечна внука на сликарот.
„Кога твојот прапрапрадедо ќе наслика нешто вредно 78,1 милиони долари, тогаш ќе можеш да критикуваш. Во меѓувреме, може да се каже дека слободниот пазар прозборе и Renoir не е ужасен во сликањето“, искоментирала Genevieve на една од фотографиите. Geller вели дека се чувствува „прилично агностично“ во однос на другите уметници и омразата кон Renoir е основната цел на неговото движење. Предлага музеите да ги заменат неговите слики со дела кои покажуваат повеќе разноликост од само „бели мажи и нивниот поглед“. „Одлуката да се прикажат дела на Renoir кога има буквални ремек дела од вистински мајстори на уметноста во магазините на музејот, е дело на естетски тероризам“, вели.
We can, if you, like, really want, examine more details of this #steamingpile later— such as the chicken that’s affected with the chicken curse (#Salmonella), or the female-presenting old person with the white 5 o’clock shadow (WHICH LITERALLY MAKES NO SENSE). But for now, let’s just focus on the sprawled-out, single-lipped fetus-kid’s sprawled-out face. Look at it. Look at his fucking face. #renoirsucksatpainting #sharpie_eyes #rottingvegetation #mooseknuckle A photo posted by Renoir Sucks At Painting (@renoir_sucks_at_painting) on
Guerrilla Art Lecture. Coming to a confused art museum near you. #renoirsucksatpainting A photo posted by Renoir Sucks At Painting (@renoir_sucks_at_painting) on
This three-toed sloth #mutant has #rosacea. No but seriously, look at her fucking fingers. I mean, look at them! #RenoirSucksAtPainting #sharpie_eyes A photo posted by Renoir Sucks At Painting (@renoir_sucks_at_painting) on
Извор: Guardian